• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Промовиран романот „Татко ми, Босфор“ на тетовскиот автор Јован Илиески

12/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Младиот тетовски писател Јован Илиески вчера вечер го промовираше својот најнов шести роман насловен „Татко ми, Босфор“.

Дејствието на романот се случува на самиот крај од XIX век и почетокот на XXI век, некаде помеѓу современиот свет и почетокот на падот на Oсманлиската држава.  Камила Џалал е посветена детективка која ќе го преврти Истанбул за да ја најде причината за смртта на нејзиниот сопруг, а притоа станува блиска со луѓето околу султанот во сарајот Јилдиз.

-Мајсторски склопена историска фикција со комбинација со современ трилер. Јован веќе покажува дека е зрел писател и дека знае како да го постави просторот, целото време, целата нарација на книгата на начин на кој што лесно ќе може читателот да навлезе во приказната. Исто времено на многу суптилен начин да го опише Истанбул конкретно на еден начин кој е приемчив и го тера читателот да остане до крај, ангажиран како читател, а го запознава со еден амбиент кој за нас е непознат. Ја знаеме Отоманската империја од еден друг аспект, а тука ја гледаме приказната од еден посуптилен пристап, изјави промоторот Перица Сарџоски.

Книгата е во издание на издавачката куќа Антолог со која авторот за прв пат соработува.

-За нас е голема радост кога соработуваме со некој македонски автор. Нашата издавачка куќа е профилирана и во рамки на превод на литература од познати автори но со особено задоволство се радуваме и на македонски автори. Јован Илиески е ново име кај нас но не е ново име во македонската литература и македонската книжевна сцена. Автор е на многу значајни и продавани романи. Тоа беше големо олеснување за нас бидејќи го сакаме најдоброто од македонската литература да биде дел од нашата издавачка куќа, изјави Жарко Кујунџиски, уредник на Антолог

Авторот Илиевски се одлучил да пишува ваков роман откако го посетил градот Истанбул

-Истанбул е преинспиративен град и штом стапнав таму знаев дека оваа приказна ќе се случи.И ова е денот кога излегува на виделина и конечно ја крштеваме приказната, изјави авторот Јован Илиески.

Тој е автор е на шест книги „Душа на парче хартија“ (2012), „Кругот на животот“ (2014),  „Сенки на полноќ“(2016), „Ноќта кога ја напуштив Прага“ (2019), „Соба 610“ (2021) и најновиот роман  „Татко ми, Босфор“ (2022)

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Градоначалникот Касами најави рушење на единствената куќа за проширување на „Благоја Тоска“ - семејството не ја напушта и не се согласува со експропријацијата

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.