• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Промовирана книгата „Вратничка крваа свадба“ од Стево Томоски и Душан Синадиноски

14/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во тетовска Вратница вчера се одржа промоција на книгата „Вратничка крваа свадба“ од Стево Томоски и Душан Синадиноски.

Станува збор за историска драма во која е опфатен еден од најтрагичните настани во историјата на селото, стрелањето на 13 младинци од страна на бугарската окупаторска војска во октомври 1943 година. Еден од убиените, Симче Настоски, настрадал во петок, а во недела требало да прави свадба.

Во неделата, Менча, мајката на Симче од тага побарала од сите што дошле на погребот да дојдат во свечени носии, како за свадба. Сакала да се овековечи моментот па повикала и фотограф од Тетово, што за тоа време било многу тешко изводливо, но сепак стигнал и ја направил фотографијата од погребот.

Промоторот на книгата Бранислав Светозаревиќ посочи дека ова прозно дело нуди нова перспектива на историски настани во кое се опфатени и ги следи начинот на живот во тоа време, обичаите, менталитетот, говорот и друго.

-Како историчар, специјалност ми е историјата на културата на живеењето. Романите се најнепосредни историски раскажувачи, она што не може да се најде во документите и некакви службени извештаи. Кога го читав романот, како да бев тука, во тоа време со тие луѓе, посочи Бранислав Светозаревиќ.

Авторот Стево Томоски посочи дека мотивот бил да се опише тешката судбина на вратничани во тој период.

-Темните облаци над Вратница ме натераа да оставиме трага за се она што сме дознале за вратничката историја. Со Душко се надеваме дека тие црни облаци ќе заминат и за Вратница ќе дојде време ќе се шири, ќе биде уште поголема и поубава. Од кога постои Вратница ја доживува и македонската судбина. И Вратница како Македонија е пиреј, колку ќе ја скубеш, повеќе ќе се шири, истакна авторот Стево Томоски.

Уредникот на книгата Живе Ќироски потсети дека книгата претставува и начин на одбележување на 80 годишната од трагичниот настан што се случил во октомври 1943 година. Промоцијата се одржа во основното училиште кое го носи името на Симче Настоски.

Стево Томоски и Душан Синадиноски соработуваат на создавање на заеднички дела подолго време. Во 2019 година тие ја објавија „Вратничка енциклопедија“ целосно напишана на дијалектот на кој се зборува во ова тетовско село при општина Јегуновце. Книгата изобилува со многу документи и фотографии поврзани со историјата на македонскиот народ во овој регион.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Оливера Пепиќ од Струмица победи на републичкото издание за избор на Вешта жена во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!