• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Протест и штрајк на работниците од Водовод и канализација при ЈКП Тетово

12/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Дел од работниците во Јавното комунално претријатие „Тетово“  од работната единица „Водовод и канализација“ денеска одржаа јавен протест и штрајк поради неисплатени плати и придонеси.  За еден месец ова е втор ваков јавен протест откако на 15 декември 2022 штрајкуваа работниците од одделот за комунална хигиена.

Работниците од „Водовод и канализација“  велат дека им доцнат платите со месеци и порачаа дека нема да излегуваат на терен и да санираат дефекти ако продолжи ваквата состојба. Во овој оддел на ЈКП „Тетово“ работат околу 85 луѓе.

-Тие што сме со решение на неопределено време два и пол месеци немаме плата, а осигурување имаме само 4-5 дена на крајот од секој месец. Ова со осигурувањето трае со години од времето на Теута Арифи или веќе десет години. Нема да излезема на терен ако не ги добиеме платите наши што ни следуваат. Не бараме покачување. Не бараме плус тоа што не може да се оствари. Туку бараме тоа што ни следува. Доста со лажење, од типот ќе има има овој месец, ќе има тој месец. Тие без решенија 3,5 месеци, немат плати. Не сум против Комунална хигиена, но тие зеле плата за десети месец (октомври н.з) а кај нас нема, изјави Сервет Алити, работник во Водовод и канализација.

-Како се живее, се снаоѓаме, Господ ни помага само. Имаме некоја надеж. Овој систем за вода се одржува со такви какви услови имаме. Сите се снабдуваме со вода, но стотици дефекти има годишно. Платите станаа проблем, претходно пандемијата направи проблеми. Далга голема. Вода е стратешки ресурс и овие се стратешки работници. Не дај Боже да се случи нема да излеземе додека не биде расчистено се со платите. На минус 20 сме оделе до Лешница сме биле мокри на дефект само за да има вода во овој град, рекоа останатите работници.

Раководителот на одделот Водовод и канализација Љуљзим Шаќири вели дека најавеното одделување на оваа дејност од ЈКП „Тетово“ во ново комунално претријатие ќе ги реши проблемите. Посочи дека заостанатите плати и хонорари се исплаќаат тековно колку што им дозволува ситуацијата.

-Имаме перманентно протести, имаме доста проблеми во тој дел. Мислам дека со формирање на двете нови претријатија многу ќе се подобри ситуацијата таму на обврските кон работникот и нивните права. Ние доцниме со платите, не е нешто што не сме го кажале. Ние сме во процес на санација на тој дел. Самата одлука на Советот за 25 милиони денари  за исплата на обврски кон работници со договор на дело ни олеснува во делот на исплата на редовни вработени. Ние сме во добра насока на решавање на тој проблем. Се надеваме дека за месец-два ќе се го решиме тој проблем. Веќе се исплатуваат постепено работниците со договор на дело, во зависност од состојба со сметката на општината која се соочува со проблеми и проблем со Трезорот, поради неработни денови, изјави Шаќири.

Оваа недела започнаа процедурите за регистрација на две нови јавни комунални претријатија за чие основање беше донесена одлука на последната седница на Советот на Општина Тетово на 29 декември 2022 година.  Одлуката е објавена во Службеното гласило на Општина Тетово и сега во тек е регистрацијата во Централен регистар по што ќе следат нови седници на Советот за формирање на управни и надзорни одбори.

Двете нови јавни претријатија ќе значат создавање на два нови правни субјекти и одделно стопанисување со водоводот и канализацијата во едното и комуналната хигиена во другото.  Досегашното Јавно комунално претријатие „Тетово“ ќе продолжи да постои, а ќе функционираат и понатаму одделот за православни гробишта, зелените пазари како и работната едница „Паркови и зеленило“.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Во храмот Свети Атанасиј на Кале црковно ѕвоно се носи само за празници како превенција од кражба

01/02/2023
Вести

Глоби од 30 до 50 евра за пешаци за преминување на улиците надвор од обележан премин

01/02/2023
Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Следна објава

Казнети шест возачи по 250 евра за непропуштање пешаци на пешачки премини

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.