Вработените во администрацијата на Основен суд Тетово протестираа денес по повикот на Независниот синдикат на државната администрација (НСДА) и Независен синдикат на судска служба за протест преку кој се бара зголемување на платите.
– Се собравме за да ги поддржиме колегите од Синдикатот од Скопје. Се солидаризираме и сакаме да кажеме дека не сме задоволни со нашата плата. Бараме 30 отсто зголемување на платата и 15 илјади денари да биде К-15 и 25 отсто додаток на плата. Сè додека не се исполнат овие барања ние секој ден ќе протестираме пред Основен суд Тетово, изјави претставничка на вработените.
Независен синдикат на судска администрација информираше дека протестите во судовите се во знак на револт кон вчерашната одлука на министерот за финансии да не ја потпише одлуката на Судскиот буџетски совет за исплата на додатоци, наплата која беше донесена со одлука на 15 проценти и незадоволство од Министерството за финансии за нивните барања за покачување на плата од 30 проценти.
Доколку не бидат земени предвид нивните барање, од 1 септември најавуваат одржување на генерален штрајк со блокирање на улици и неиздавање на уверенија за неосудуваност и други документи.
ас