• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 29 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Публиката ќе може да види осум кореографии на играорците од КУД „Кирил Пејчиновиќ“ на Новогодишниот концерт во петок

20/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со Новогодишен концерт КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце во петок 23 декември ќе ги заврши настапите за 2022 година. Концертот што ќе се одржува во Центарот за култура „Иљо Антевски – Смок“ во Тетово  ќе започе во 18 часот.

-Традиционалниот новогодишен концерт ќе почнат сите членови на Културно-уметничкото друштво со изведба на песната „Ни прела гора“. Потоа во текот на вечерта големата група при Друштвото ќе настапи со кореографските постановки Посеље, Роненка, Жетварка, Пијанец. Малата група со кореографиите Што имала ксмет Стамена, Беровка, Малешевска, Црногорка.Новогодишниот концерт ќе биде круна на 2022 година, за сите успеси и постигнувања кои ги остваривме дома, но и на меѓународни фолклорни фестивали каде што освоивме бројни награди и признанија, изјави Сашо Костадиновски, уметнички раковидител во Културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“.

Новогодишниот концерт ќе биде најава и за 10 годишниот јубилеј што КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце ќе го одбележи во 2023.

-Наредната година бележиме една декада од возобновувањето на културно уметничкото друштво. Ќе има посебна свеченост и манифестација која ќе биде организирана во мај 2023 година. Моментално во КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце членуваат над 80-тина млади љубители на фолклорот кои со љубов ја негуваат македонската фолклорна традиција, изјави Сашо Костадиновски, уметнички раковидител во Културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“.

Покрај домаќините играорците од КУД „Кирил Пејчиновиќ“ како гости ќе настапат и Трио „Кладенец“, Трио „Шербет“ и хор „Менада“

Билетите за Новогодишниот концерт се по цена од 100 денари и може да се набават во маркетот „Корзо“ во Тетово, а на денот на одржување 23 декември и на влезот на Центарот за култура.

ас

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен со победа во среда повторно ќе го освои првенството

29/05/2023
Вести

Наградата за најдобра претстава за деца и младинци за „Црвенкапа“ на Летечка театарска трупа-Тетово

29/05/2023
Вести

Вчера од 14 до 19 часот санкциониран 31 мотоциклист, најмногу за немање заштитен шлем

29/05/2023
Вести

Искажани завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресуда на 5 јуни

29/05/2023
Вести

Трет обид за завршни зборови во судскиот процес за обвинетите во модуларната болница

29/05/2023
Вести

ФК Тетекс обезбеди опстанок во Втората македонска фудбалска лига

28/05/2023
Следна објава

Педесет и двегодишен татко лажно го пријавил својот 19-годишен син дека му украл златен накит и девизи во вкупен износ од 100 илјади евра

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!