• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Пуштена во употреба новата градинка во Прељубиште каде ќе се згрижуваат до 50 деца

30/09/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Јегуновце ја пушти во употреба новата детска градинка „Цветови“ во населеното место Прељубиште. Во овој објект ќе има можност за згрижување на 50 деца предшколска возраст. Градинката е целосна опремена, а инсталирано е парно за греење, со топлинска пумпа, има дополнителни детски реквизити во дворот од објектот.

-Денес сум многу среќен и радосен што успеавме да ја отвориме новата детска градинка „Цветови“ која ќе згрижува 50 дечиња и тоа 25 од македонска паралелка и од 25 од aлбанска паралелка.Градинката е целосна опремена и ги исполнува сите стандарди, инсталирано е ново  модерно парно за греење, со топлинска пумпа, поставени се дополнителни детски реквизити во надворешниот дел на градинката и комплетно оградување на целата градинка, порача на отворањето градоначалникот Димитар Костадиновски.

На промотивната активност „Промените се случуваат, секогаш со народот“, присуствиваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Убеден сум дека тука тие ќе ги стекнат првите знаења заедно со нивните воспитувачи и негователи. А, потоа и ќе можат понатаму да се надградуваат во текот на образовниот процес.

Исто така проектот со канализацијата, асфалтирањето на улиците и останатите проекти кои што градоначалникот во својот говор овдека ги кажа. Задоволството е големо кога гледате како се реализираат проектите кои што беа ветувани во кампањата. Јас само посакувам повеќе вакви објекти да се реализираат, повеќе проекти да се завршуваат. Тоа го очекуваат граѓаните во општина Јегуновце, тоа го очекуваат граѓаните во Македонија, Македонија да оди напред, а не да се занимава со процеси кои што не враќаат назад во времето, истакна Христијан Мицковски.

Градоначалникот Костадиновски рече дека во изминатите месеци успеале да завршат повеќе капитални проекти.

-Завршена е изградба на колекторот за фекална канализација во село Жилче, село Шемшево и целосно оспособување и пуштање во употреба на фекалната канализација во населеното место Жилче. Во завршна фаза е изградба на два мини парка во населените места Јанчиште и Јегуновце, комплетно се реконструира основното училиште „Симче Настовски“ во Вратница и тоа поставена е нова термо фасада, реновиран е целиот внатрешен дел на училиштето, инсталирано е парно за греење на пелети. Во населено место Сиричино е изградено кошаркарско игралиште со обезбедени финансиски средства од наш иселеник во САД. Започнавме со изградба на локални улици со бекатон плочки во повеќе населени места на територија на општина Јегуновце, истакна Костадиновски.

Во текот на 2022 година Костадиновски најави решавање на долгогодишниот проблем со вода за пиење за населените места Шемшево и Жилче, промена на досегашниот начин на затоплување во подрачните  основни училишта во Туденце, Жилче и Ратае со топлински пумпи, изградба на тротоари во населените места Копанце и Јанчиште како и дека во фаза на тендерирање е проектот и реконструкција на локалните патишта и улица во населеното место Јегуновце.

 

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

На автопатот Тетово-Скопје животот го загуби 55 годишен велосипедист

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.