Соопштение на СВР Тетово 21 август 2024
На 20.08.2024 во 20.30 часот на локален пат од с.Боговиње кон с.Горно Седларце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода С.И.(37) од с.Боговиње, А.И.(34) од с.Боговиње и А.М.(43) од с.Горно Седларце. Откако полициските службеници се доближиле до патничкото возило „сеат“ со тетовски регистарски ознаки, во кое биле лицата, А.М. растурил кокаин по патосниците во возилото, кој бил подигнат за понатамошна постапка. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.08.2024 во 18.30 часот во с.Камењане, тетовско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода С.И.(50) од Гостивар затоа што кај него бил пронајден кокаин. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.