ЖФК Љуботен летово доби интернационални засилувања од Колумбија и Србија, како и неколку домашни фудбалерки. Најновата фудбалерка Ингрид Видал, репрезентативка на Колумбија со 54 настапи 11 голови. Таа доаѓа како позајмен играч од клубот Америка Де Кали.
„Ингрид во своето портфолио има репрезентативни настапи на Светско првенство, Олимписки игри, Пан-американски игри, како и клупските во Конмебол Либертадорес Фемина. Со Ингрид, нападот станува суперсилен и вистинска опасност за сите не само во домашното првенство туку и во претстојните настапи во Лигата на шампионите. Ингрид Видал неспорно ќе биде најзвучното и најквалитетното име кое до сега има настапувано во Македонија, како според квалитетот така и според нејзината биографија, посочуваат од ЖФК Љуботен.
Во Тетово веќе пристигнаа и нејзините сонароднички од Колумбија Паула Алехандра Валбуена, Карина Мичел Бермудес, Алехандра Карен Родригес. ЖФК Љуботен се засили и со Нина Миленковиќ од Србија, а од македонските клубови дојдоа Александра Јовановска од Шкендија, Настасија Накова од ЖФК Скопје и Данче Карпузовска од Вардар.
ЖФК Љуботен три години по ред е првак на Македонија, а две години и има и двојни титули со оглед на освоените Куп-натпреварувања.
ас
фото ЖФК Љуботен/ Тетово инфо