Денес во месноста Граиште кај Стенче каде постојат остатоци од манастирскиот комплекс Рождество на Пресвета Богородица од 5-тиот век се празнуваше денешниот празник.
-Отец Ненад Ѓорѓески изврши водосвет, благословување и режење на славските и кумските лебови и погачи, информираше црковниот одбор.
Во овој манастирскиот комплекс почнало прво покрстување во Полошкиот регион, а до денес таму постојат трите крстилници (мала, средна и голема). Во Граиште се најдени голем број предмети и стари бакарни пари од 5-тиот век