• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Рушена е последната куќа за пробивање на булеварот „Благоја Тоска“

07/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Рушењето на последната куќа за пробивање на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово што беше закажано за 14 ноември, се направи денеска.  Станува збор за објектот веднаш по мостот кај болницата, a беше пролонгирано рушењето поради недоразбирање околу експропријацијата.

-По постигнатиот договор, отстранета е и последната пречка за продолжување на работите на булеварот „Благоја Тоска“. Им благодарам на сите жители за разбирањето. Заедно ќе го градиме и развиваме градот, изјави градоначалникот Биљал Касами.

Во меѓувреме на 26 ноември почна асфалтирањето на продолжението од булеварот „Благоја Тоска“ но од крајната страна до каде што се планира пробивањето односно до текстилното училиште.

Според претставниците на општината во текот на 2023 ќе почне втората фаза на експропријација на продолжувањето на булеварот од текстилно училиште до објектот познат како Дамаск на крстосницата со улицата „Киро Ристевски-Дрнц“.

За да се продолжи булеварот градежни работи со рушење на објекти започнаа уште во јули 2021 година во време на претходното општинско раководство. За градежни работи општината доби средства од ткн. ТАВ програма,а за експропријација средства од Владата.

ас

Поврзани објави

Вести

Се одржа јубилејна десетта зимска школа за планинари на Попова Шапка

06/02/2023
Вести

Шести ден без вода за пиење во Фалише и Сараќино, дефектот сè уште се бара

06/02/2023
Вести

Ќе се промовира биографска книга за поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

06/02/2023
Вести

Во текот на јануари 2023 имало 70 сообраќајни несреќи, најмногу 22 поради неприлагодената брзина

06/02/2023
Вести

Нова медицинска опрема вредна 3,5 милиони евра за Клиничка болница Тетово, раководството уверува ќе има повеќе слободни термини за прегледи

06/02/2023
Инфо компас

Предпродажба на новелата „Разговори со Бен“ од тетовскиот писател Зоран Стојановски

06/02/2023
Следна објава

Четворица повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово, сообраќајот се пренасочува

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.