• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

„Сакам да работам“ до „Антикоцкање“: 10 илјади семејства си ја бранат чесната и легална егзистенција, кажете и на јавноста чиј матен бизнис интерес се крие зад вашите активности?

17/03/2023
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ испратија реакција до медиумите по денешните изјави на Движењето Антикоцкање. Соопштението следи во целост:

САКАМ ДА РАБОТАМ“ ДО „АНТИКОЦКАЊЕ“: 10 илјади семејства си ја бранат чесната и легална егзистенција, кажете и на јавноста чиј матен бизнис интерес се крие зад вашите активности?

Продолжуваат нервозните реакции на дежурните критичари на игрите на среќа кои очигледно се активираат по потреба со далечинско управување. Немаат аргументи, се служат со навреди, невистини, измислени информации и приземен речник. Згора на се’ му наштетувааат на меѓународниот углед на државата, влегувајќи во конфликт со амбасадори од ЕУ. Разнишани се, бидејќи јавноста знае дека одработуваат за некој кој е во заднина и има за цел да си ги оствари своите бизнис интереси.

Еве ги 12-те конкретни прашања за кои јавноста се’ уште од нив нема одговори:

Дали и колку финансиски средства примиле во готово? По чиј налог се обидуваат да манипулираат со родителите на учениците? Колку чини и кој ги покрива трошоците за дизајнот и изработката на претходните пропагандни материјали и овие последните за герила маркетинг? Дали одработуваат да се затвори легален бизнис за некој да печали од интернет игри на среќа и играчници на црно, без контрола од државата? Дали така учениците ќе бидат во поголем или помал ризик? Кој ќе понесе одговорност за штетата што ќе следи? Зошто сакаат да остават 10 илјади луѓе без своите работни места? Зошто Албанија се откажа од забраната на игрите на среќа? Дали е точно дека за време на четири годишната забрана во Албанија како печурки никнале нелегални играчници? Ја слушнале ли изјавата на албанскиот премиер Еди Рама на оваа тема? Колку жители од Косово играат игри на среќа во Тетово? Каде според нив припаѓа Северна Македонија, во друштво на западните цивилизации и ЕУ или нечие друго друштво?

Бидејќи денес, тргнувајќи од нивната улога на пиони, изнесуваат невистинито тврдење дека сме злоупотребени, еве им уште ново, 13-то прашање: 10 илјади семејства си ја бранат чесната и легална егзистенција, кажете и на јавноста чиј матен бизнис интерес се крие зад вашите активности?

Уште еднаш повторуваме, се додека невистинито се претставуваат како наводни непрофитни активисти и не даваат конкретни одговори на многу конкретни прашања, за нас наместо движење „Антикоцкање“ ќе бидат Група која се залага „ЗА КОЦКАЊЕ НА ЦРНО“!

ЗДРУЖЕНИЕ НА ВРАБОТЕНИ ВО СЕКТОР ИГРИ НА СРЕЌА „САКАМ ДА РАБОТАМ“

Поврзани објави

Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 28 март

27/03/2023
Следна објава

Секој петок пратеникот Александар Велјановски ќе има средби со граѓаните

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.