Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со контролни активности за поголем ред и безбедност на патиштата и улиците на тетовско-гостиварското подрачје.
Вчера (4 јули) од 18 до 24 часот спроведена е акциска контрола на мотоциклисти, во која биле откриени и санкционирани вкупно 25 прекршоци (ТЕ-14 и ГВ-11).Најголемиот број од прекршоците (17) се однесувале на некористење на заштитен шлем, односно кацига (ТЕ-9 и ГВ-8), 3 (ТЕ-1 и ГВ-2) на непоседување возачки дозволи и така натаму. На сите прекршители изготвени им се предвидените поднесоци и ќе се соочат со парични глоби, кои зависно од прекршокот, се движат од 50 до 250 евра во денарска противвредност.
Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до мотоциклистите да не седнуваат зад управувач без положен возачки испит и без потребната заштитна опрема. На мотоциклистите им се советува, исто така, да ја прилагодат брзината, да внимаваат на бучавоста, посебно во вечерните часови и задолжително да ја проверат техничката исправност, односно навреме да ги регистрираат.