Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер и денеска (24/25 септември) од 22 до 4 часот, на поширокото полошко подрачје спроведоа акциска контрола на возачи – дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол.
При контролата откриени и вкупно санкционирани биле 36 возачи (ТЕ-24 и ГВ-12), кои управувале под дејство на алкохол, од кои кај 1(ТЕ) биле измерени 2,89 промили алкохол во крвта.Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци.
Во акциската контрола адекватно санкционирани се и 18 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-13 и ГВ-5).
СВР Тетово повторно со апел, посебо до младите и пред се за викендите, да не седнуваат зад волан доколку претходно конзумирале алкохол и да не ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, но и да не возат пребрзо и да не престигнуваат на недозволени места и начин.Со тоа ќе придонесат за подобрување на вкупната сообраќајна безбедност во регионот и пошироко.