Вчера (3 април) од 10 до 15 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на пешаци – како и колку тие ги почитуваат сообраќајните знаци, правила и прописи. При контролата биле санкционирани вкупно 38 пешаци (ТЕ-26 и ГВ-12), од кои 30 ги преминувале улиците надвор од обележани премини (ТЕ-18 и ГВ-12), а останатите не ја почитувале светлосната сообраќајна сигнализација на крстосниците. Покрај ова, откриени и со соодветни поднесоци биле заокружени и 7 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.
На пешаците-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци и ќе се соочат со парични глоби, кои за овој вид прекршоци се движат од 20 до 50 евра во денарска противвредност. Секторот за внатрешни работи Тетово и во наредниот период ќе спроведува вакви или слични контролни активности и апелира до пешаците да внимаваат како се однесуваат во сообраќајот, да ги преминуваат улиците само на наменски обележаните премини, да ја почитуваат светлосната сигнализација и да не се движат непрописно таму каде што нема обликувани тротоари. На родителите им се советува, исто така, да не ги пуштаат малолетните деца без непосреден надзор сами да се движат по сообраќајни површини и да се изложуваат на ризик да бидат удрени од некое возило и слично, информира СВР Тетово.