• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СДСМ : Се залагаме за европско Тетово, затоа на 20 август масовно гласајте за бројот еден

15/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетово на 20 август избира членови на новиот совет, тело кое има важна улога и големо влијание за функционирањето и иднината на општината и претставува силен коректив на работата на градоначалникот.

Советничката листа на СДСМ и коалицијата, предводена од носителот  Глигорије Стојановски е составена од докажани, угледни и чесни личности подготвени да работат за своите сограѓани, за Тетово да се развива, да ги користи сите свои потенцијали за да обезбеди еднакви и подобри услови за живот и работа на сите граѓани.

Општина Тетово да го задржи правецот по кој се движи изминатиот период, кога се реализирани бројни проекти важни за граѓаните меѓу кои се издвојуваат нов затворен пливачки базен, реконструкција на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка од 18,2 км, изградба на нов објект за ОУ Наим Фрашери во Мала Речица, изградба на филтер станица на водоснабдителен систем во Тетово, изградба на дел од булевар Видое Смилевски Бато во Тетово, набавка на 5 автобуси за јавен транспорт, реконструкција на СОУ Кирил Пејчиновиќ.

Тетово денеска е град кој живее во духот на мултикултурализмот, град во коj се отвораат нови работни места, град кој дава еднакви шанси за секого, град каде ќе се произведуваат европски брендови.

СДСМ е сплотен, обединет за нови успеси, за политики и мерки што носат придобивки за граѓаните.  Се залагаме за европско Тетово. Затоа на 20 август масовно гласајте за бројот еден, за советничката листа на СДСМ и коалицијата, соопштија од ОО СДСМ Тетово.

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Во четврток ЖФК Љуботен ќе игра Лига на Шампиони

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.