• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СДСМ : Зошто Општината не е способна да изработи соодветен извештај, Комисијата за утврдување процена на штети и дава дополнителен рок да поднесе соодветна документација

05/05/2023
во Вести
сдсм те

сдсм те

Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општинската организација на СДСМ со реакција по објавата на Општина Тетово дека Владата го отфрлила барањето за обештетување од поплавите.

Класичен обид за манипулација на граѓаните од страна на локалната власт во обид да ја сокрие својата неспособност.

Имено во реакцијата објавена на официјалната фб страна на Општина Тетово, локалната власт се демантира односно демонтира самата себе.

Иако во реакцијата наведуваат дека Извештајот за процена на штетата настаната во поплавите во 2022 година е одбиен од страна на Комисијата за утврдување и процена на штета без никакво образложение притоа додавајќи класичен политички спин изгледа дека локалните власти заборавиле дека ја имаат објавено и Одлуката во која се наведува многу јасно и прецизно дека овој предмет е отфрлен поради некомплетна и несоодветно сработена документација од страна на Општинта.

Исто така Владата преку Комисијата за утврдување процена на штети и дава дополнителен рок на Општината да поднесе соодветна документација.

Локалните власти да излезат со одговор зошто Општината не е способна да изработи соодветен извештај наместо да ги залажува граѓаните за нивната неспособност и обид да се иземе од одговорност.

Дополнително потврда за тоа дека за нив граѓаните и градот се на последно место е и договорот кој Општина Тетово го склучила со приватна агенција на која ќе и исплати 32 илјади евра за ребрендирање односно ново лого на општината.

Само да потсетиме дека граѓаните не ги гласаа за вакво недомаќинско трошење на парите на граѓаните и нивна злоупотреба за лични хирови.

Трошење пари за билборди и логоа во ек на економска криза наместо решавање на горливиот проблем со кучињата скитници кои се секојдневна закана за граѓаните е апсурдно.

Општината велеше и дека нема финансии да ги снабди училиштата со греење па таа обврска ја презеде Владата што е уште една потврда за тоа кој сериозно се грижи за граѓаните а кој се служи со трикови за замајување на јавноста.

Конечно локалната власт нека се вразуми и крајно време е да почне сериозно да работи во интерес на граѓаните!

 

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Вести

Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Национален парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација

31/05/2023
Вести

Дел од дивоградбите кои ќе може да се легализираат во Националниот парк Шар Планина ќе се користат за туризам

31/05/2023
Вести

Во акциска контрола на мотоциклисти откриени 21 прекршок, ќе платат казни од 45 до 500 евра во денарска противвредност

31/05/2023
Вести

Тетовската полиција почна нов превентивно-едукативен проект „Чекор по чекор“,

31/05/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 31 мај

30/05/2023
Следна објава

На подрачјето на Националниот парк Шар Планина евидентирани 769 градби вон населени места, статусот дополнително ќе се проверува

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!