• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 1 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Сé е подготвено за неделното искачување на Титов врв, ден претходно повеќе активности на Попова Шапка

26/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од утре сабота почнуваат повеќето активности во организација на планинарскиот клуб Љуботен во пресрет на традиционалното 41-во искачување на Титов Врв што ќе се случува во недела, најавија денес организаторите. Во сабота, активностите ќе се одвиваат на Попова Шапка, од каде исто така во недела ќе се тргнува кон највисокиот врв на Шар Планина.

-Програмата предвидува во сабота да има акција за чистење во координација со Национален парк Шар Планина. Потоа околу 15 часот ќе се организира планинарски базар. Од 15:30 до 17:00 има планинарски квиз и забавно едукативни игри, ќе учествуват клубовите. Следува проекција на планинарски филм, додека свечено отворање ќе има во 19 часот. Ќе имаме и координативен состанок со координаторите на клубовите, изјави Јованче Даниловски.

Во недела искачувањето започнува во 06:30 часот со тргнување на колоната од платото пред хотел Попова Шапка кон Титов Врв по Вакуфска патека. Движењето до Титов врв е веќе обележано.

-Таа патека е веќе маркирана. Се надеваме дека во 11 ќе биде пристигнувањето на врвот, а од 12 да се упатиме назад за да до 16 часот биде завршена планинарската тура. Ние веќе бевме на терен периодов и имавме маркирање и скрининг на самата патека. Имаме два снежни „јазици“ долж патеката, која инаку е во добра состојба. Ќе има пет пункта долж целата тура, каде ќе има и медицински екипи каде што ќе имаме и водичи во самата колона. Сите учесници да се придржуваат до самата програмата, изјави Јованче Даниловски.

Досега се пријавиле 400 планинари за искачувањето на врвот на 2747 метри надморска височина.

-Очекуваме околу 800 планинари вкупно да бидат дел од искачувањето. Во текот на изминатите 40 искачувања бележиме околу 25000 искачени планинари. Оваа традиција е од 1980 година кога првиот пат е почнато како меморијално искачување, информираше Јован Божиноски, претседател на ПК Љуботен.

Организаторите потсетуваат дека учесниците самите треба да обезбедат храна за време на планинарењето и да имаат опрема како за зимски услови.

ас

Поврзани објави

Вести

Апел од СВР Тетово за внимателност поради влажни и замрзнати коловози, задолжителна зимска опрема за возилата

01/12/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-приведен 24 годишник за најдена марихуана

01/12/2023
Вести

Во двор од основно училиште во Тетово е најден пиштол

01/12/2023
Вести

Kомунални работници го прекинаа штрајкот, насобраниот смет ќе се подигне

01/12/2023
Вести

Во контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници – казни за 11 технички неисправни возила

30/11/2023
Вести

Полицијата расчистува случај – во детска игра со остар предмет повреден малолетник

30/11/2023
Следна објава

Тетовчанец пријавил физички напад од од мајката на неговата сопруга

Tetovo, MK
петок, декември 1, 2023
overcast clouds
12 ° c
74%
8.21mh
100%
19 c 9 c
саб
14 c 4 c
нед
7 c 2 c
пон
8 c 3 c
вто

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!