Во тек се градежни работи со кои селото Долно Палчиште при Општина Боговиње ќе се поврзе со автопатот Тетово-Гостивар. Патот се прави со пари обезбедени од Министерството за локална самоуправа.
– Подобрувањето на патната инфраструктура ја олеснува комуникацијата и отвора поголеми можности за развој на општината, но и на целиот регион. Проектот за изградба на локален пат од Долно Палчиште го финансира Министерството за локална самоуправа преку Програмата за намалување на диспаритетите, со цел да им помогнеме и на помалите општини да реализираат инфраструктурни проекти коишто се важни за општината и за граѓаните. Вредноста на проектот е 14,4 милиони денари и во целост средствата ги обезбедува Министерството за локална самоуправа, истакна министерот Ристо Пенов.
Со оваа делница сите села кои се покрај автопатот а во рамки на Општина Боговиње ќе се поврзат со таа сообраќајна магистрала. Ова бил селски пат кој бил пробиен, раширен и сега е тампониран. Ќе биде со должина од 1700 метри.
ас