• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 5 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Се одбележаа 22 години од убиството на десетте бранители кај Карпалак

08/08/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со положување цвеќе и панихида пред спомен плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово-Скопје утрово беше оддадена почит кон десетте загинати резервисти-бранители од Прилепско кои беа убиени во заседа во оружениот конфликт во 2001 година.

Почит им оддадоа министерката Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници на претставници на Владата, од кабинетот на Претседателот, Општина Прилеп, семејствата на загинатите, политичките партии како и поголем број здруженија на бранителите како и граѓански организации.

– Дваесет и две години поминаа но со голема тежина во срцата во трагичниот настан на Карпалак каде животот го загубија 10-те херои на безбедносните сили на македонската Армија. Тие несебично се одзваа на повикот на татковината и затоа никогаш нема да бидат заборавени. Длабока почит и сочувство за нивните семејства. Вашите синови ќе ги паметиме вечно како херои кои за татковината го дадоа најскапоценото – својот живот, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Присутните претставници на бранителите повторија дека 22 години безуспешно бараат да има подостојно спомен обележје на ова место.

-За жал како што го оставивме пред 22 години ова место и денес го наоѓаме така. Се поклонуваме на нешто што го нема. Една плоча, да ја наречам, нешто најобично кое не доликува на местото и настанот кој овде се случи. Баравме, бараме и дури сме уште ќе бараме да се направи едно спомен обележје, да се знае дека овие луѓе погинаа за државата не погинале за некој личен интерес. Друго учесниците од 2001 година се маргинализирани. Никој во државава наша не нè признава. Немаме никакви права. Тоа е нешто катастрофа, како ние да бевме тие кои се бореа против Република Македонија, не тие кои ја бранеле нашата држава. Ние служиме како некој предмет за поткусурување. Како едната партија дава другата не дава. Пред месец дена беше во парламентот една партија предложи да се изврши обесштетување на учесниците, ранети семејства на погинати. За жал едните беа против. Тешко на државата што се гордее со мртви херои, што со живите херои кои не можат да преживеат во држава кој никој не почитува, изјави Јордан Трајковски од Здружение на резервни воени обврзници од Прилеп.

На новинарско прашање дали Владата планира да направи некое достојно обележје, министерката Петровска рече дека ќе побара од Општина Желино дозвола Министерството да постави споменик.

– Како што кажав и во изјавата, тие луѓе го дадоа најскапоценото – својот живот за нашата татковина и сметам лично како министерка за одбрана дека заслужуваат достојно спомен-обележје во споменик којшто можеби нема сигурно да ги вратиме назад, но навистина ќе имаме место каде достојно ќе оддаваме почит. Денес во текот на денот до Општина Желино која е надлежна општина ќе испратам повторно, исто како што го направив и за Вејце, барање да биде дозволено овде да се изгради споменик каков што е достоен и се разбира Министерството за одбрана е подготвено тоа да го реализира, истакна Славјанка Петровска.

На 8 август 2001 околу 10 часот конвој на АРМ беше подмолно нападнат од заседа. При тоа беше погодено едно транспортно возило на Армијата во кое беа 8 војници и двајца офицери, сите од резервниот состав. Загинаа Нане Наумоски (48),Сашо Китаноски (39) Бранко Секулоски (42), Горан Миноски (29) Ердован Шабаноски (20), Веби Рушитоски (26) сите од Прилеп, Марко Деспотоски (27) од прилепско Новоселани, Љубе Грујоски (31) од прилепско Пашино Рувци, Дарко Велјаноски (27) од прилепско Ропотово, и Пеце Секулоски)29) од прилепско Бело Поле.

aс

 

Поврзани објави

Вести

Изложба на расни кучиња и „специјалка“ за шарпланинци викендов во тетовска Брвеница, пријавувањето завршува во четврток на полноќ

04/10/2023
Вести

„Прошарај“ – еко акција, базар, детско катче и филмови на Попова Шапка во недела 8 октомври

04/10/2023
Вести

Во ОУ „Лирија“-Тетово заеднички спортски активности со ОУ „Гоце Делчев“ по повод Детската недела

04/10/2023
Вести

Приведен 35 годишен тетовчанец поради напад на сограѓанин и полицаец

04/10/2023
Вести

Казнети 23 возачи за непрописно престигнување во сообраќајна контрола вчера од 14 до 19 часот

04/10/2023
Вести

АПИС до пратениците: Сфатете нѐ сериозно пред да стане предоцна – државата ќе изгуби 280 милиони евра годишно приход и ќе создаде предуслови за организирање игри на среќа на црно

04/10/2023
Следна објава

Планирани прекини во снабдување на електрична енергија за среда 9 август 2023 година

Tetovo, MK
четврток, октомври 5, 2023
overcast clouds
16 ° c
84%
1.32mh
100%
24 c 14 c
пет
24 c 12 c
саб
27 c 14 c
нед
19 c 9 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!