• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Се одржа јавна расправа за буџетот на Општина Тетово, граѓаните бараат подобра инфраструктура

21/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Жителите на Општина Тетово присутни на денешната јавната дебата за буџетот на Општината за 2023 година побараа во нивните населби да се решат повеќе инфраструктурани проблеми како недостиг со вода, асфалтирање на улици, зелени средини, соработка за јавни настани, но и активности на локалната власта во унапредување на општествено-социјални состојби. Побарано беше да има помош за жените жртви на насилства, како и работа со деца престапници.

-Предложив на Општината да се формира Општински совет за превенција на детско претстапништво, бидејќи ова претставува и законска одговорност за сите општини во државата која досега не е исполнета од страна на општината и повеќето општини во нашата држава. До 2020 во цела држава има само 20 општински совети кои се формирани и се функционални, а од друга страна оваа законска одредба е од 2019 година предвидена во Законот за правда за децата и во овој дел се предвидуваат и прекршочни санкции за тие градоначалниците и Совети кои не ги имаат формирани овие совети, изјави Блерта Ахмеди, жителка на Тетово,а воедно и  професор, доцент по казнено право.

И советниците ги пренесоа барањата кои им ги предложиле граѓаните.

-Како приоритет на нас како советничка група ќе ни биде надминување на проблемот со кучињата скитници. Тоа го дискутиравме и со градоначалникот. Алармантна е состојбата и знаеме дека имаме многу напади од кучиња. Потоа приоритет, ќе ни бидат православните гробишта во Фалише како дел од нашата програма што ја ветивме пред граѓаните. Да се довршат двата крака на улицата „Гоце Делчев“ и ќе гледаме да ги решиме проблемите на улиците во градското подрачје кои се нереконструирани со години.  Ќе работиме на нови паркинг места и довршување на булеварот „Благоја Тоска“. Довршувањето на капелата е при крај се доцни два месеци, но во завршна фаза и се надевам дека со почетокот на новата година ќе биде отворена. Решен е проблем со улица „Тодор Циповски-Мерџан“. Ќе инсистираме слободните парцели од поранешниот Спортски центар да бидат парк и зелени површини. Ќе гледаме секаде каде што има зелена површина да се направи парк и игралиште за деца, изјави Ангел Карапетров.

-Ние како советничка група имаме предлози за предлог буџетот за 2023 година.  Да се реконструира целата улица „132“ ,спортска опрема во Ајдучко маало, обновување на спортскиот центар кај тениското игралиште, решавање на проблемот со капелата, ограден ѕид на градските гробишта во Фалише, парцелизација, поставување стази согласно со православни обичаи, да се одвојат средства за украсување за време на новогодишните празници и да се отворат повеќе работни места за социјалните случаи со дел од буџетот да имаат континуирана работа и приходи, рече Глигорије Стојановски.

-Ние како советници на седница кога ќе се усвојува буџетот ќе предложиме идеи. Се уште собираме информации од граѓаните од сите делови на градот и ќе инкорпорираме нашите проекти што ќе бараме да се воведат во буџетот, ќе предложиме некои ставки да се променат и секако ако биде се во ред, ако биде во интерес на граѓаните може и да го поддржиме буџетот.Се зависи од како ќе ни одговорат од општинската власт, рече Ветон Мурати.

Градоначалникот Биљал Касами порача дека има ограничени средства за капитални инвестиции, а дел од таквите проекти се реализираат со ЕУ фондови и државни агенции.

– Бирото за регионален развој во 2022 не предвиде за Општина Тетово да додели проект иако сме најголемата општина во Полог, се надеваме дека следната година нема да биде така. Ние искористивме можноста да подготвивме една развојна програма која ќе биде реализирана во следните три години во која дополнително се предвидени 2,4 милиони евра во делот на изградба и реконструкција на патна инфраструктура. Предвидени се продолжување на два булевари „Благоја Тоска“ кај касарната и „Видео Смилевски-Бато“ до Блок 4 и да се почне со првата фаза за обиколница на Попова Шапка, асфалтирање и реконструкција на други улици во градот, истакна Касами.

Според градоначалникот Биљал Касами буџетот за 2023 година ќе биде 29,4 милиони евра од кои 19 милиони се дотации односно прераспределба за финансирање на пренесени надлежности во локалната самоуправа како што се училиштата.

ас

Поврзани објави

Вести

Се одржа јубилејна десетта зимска школа за планинари на Попова Шапка

06/02/2023
Вести

Шести ден без вода за пиење во Фалише и Сараќино, дефектот сè уште се бара

06/02/2023
Вести

Ќе се промовира биографска книга за поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

06/02/2023
Вести

Во текот на јануари 2023 имало 70 сообраќајни несреќи, најмногу 22 поради неприлагодената брзина

06/02/2023
Вести

Нова медицинска опрема вредна 3,5 милиони евра за Клиничка болница Тетово, раководството уверува ќе има повеќе слободни термини за прегледи

06/02/2023
Инфо компас

Предпродажба на новелата „Разговори со Бен“ од тетовскиот писател Зоран Стојановски

06/02/2023
Следна објава

Средношколци продаваа храна, собраните средства за ученици кои имаат потреба од финансиска помош

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.