• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Се одржа јубилејна десетта зимска школа за планинари на Попова Шапка

06/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Планинарски спортски клуб „Х2О“ Скопје и планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово викендов на Попова Шапка организираа „Зимска школа 2023“.  Ова е десетто јубилејно издание на овој вид на обука во зимски услови за планинари.

Предавачите на оваа школа ги запознааа учесниците со повеќе теми како употреба на зимска планинарска облека и опрема, движење низ снег и употреба на планинарски стапчиња, основни карактеристики и движење со дерези, цепин и дрезги, приказ на опрема за турно скијање и движење со турно скии, изградба на зимско засолниште и снежен профил. Вториот дел од зимската школа беа спречување на падови со цепин и дерези како и движење во наврска (јаже, појас, шлем, цепин, дерези)

 -Да оствариш јубилеј, значи да си постојан, да имаш континуитет во работата што ја правиш. За нас тоа претставува многу љубов, знаење, вештини пренесени низ годините на учесниците на Зимската школа. Оваа година благодарение на минусните температури и поминати шест часа на отворено, учесниците се здобија и со карактер за искачување во зимски услови, порачаа организаторите од клубовите „Х2О“ Скопје и планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово.

На школата учествуваа повеќе и клубовите ДПС Лисец, ПК Петрикор, ПСК Скопска Црна Гора. На досегашните школи учествувале повеќе од 450 планинари, а во организацијата и изведбата на Зимските школи беа вклучени повеќе планинарски клубови регистрирани во ФПСМ, како и по 20-тина искусни планинарски водичи.

ас

Поврзани објави

Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 28 март

27/03/2023
Следна објава

Тетовски пожарникари заминаа за Турција да помогнат во справувањето со последиците од земјотресот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.