• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 ноември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Се одржа промоција на новото културно-уметничко друштво „Шара“ во Тетово

15/11/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово е формирано ново Културно уметничко друштво „Шара“ кое вечерва организираше свечена промоција. Свеченоста се одржа во нивните исто така нови простории во Тетово, при што беше претставената нивната идеја и мисија за работа на ова најново друштво кое ќе го негува фолклорот.

Промоторката Милена Илиевска во пригодното обраќање образложи дека името на друштвото е дадено по китната Шар Планина, која воедно е опеана во многу песни. Воедно, како што Шара колоритна и секогаш различна, така и тие како културно уметничко здружение отвораат нови порти на традицијата.

– Фолклорот во западна Македонија е љубоморно чуван низ вековите, како чеизите на нашите баби и прабаби во нивните невестински ковчези. Фолклорот е една обединувачка нишка на минатото, сегашноста и иднината. Тетово е град со богата културна традиција. А кога станува збор за фолклорот, тука се познатите тетовски староградски песни, гласоечкото пеење, ората, носиите, приказните и легендите. КУД „Шара“ за своја мисија ги има: чувањето и негувањето на фолклорот на овие простори, поттикнување на интерес кај идните генерации да станат чувари и пренесувачи на традицијата, афирмирање на културата и поттикнување на зголемена свест за културните вредности. Но, да не заборавиме, низ песна и игра се градат најубавите културни мостови. Па така КУД „Шара“ ќе се потруди максимално да создаде подобар интеркултурен дијалог, рече Илиевска.

Во КУД „Шара“ веќе членуваат 40-тина млади лица кои имаат искуство во други фолклорни друштва или здруженија. Новото културно уметничко друштво ќе има фолклорна група и пејачка секција. Новина е што се планираат одржување на креативни работилници како за плетење, везење и шиење.

-Но кај нас имаме уште една мисија: да ги вклучиме лицата со попреченост во нашиот круг на делување. Па така, дојдовме до идејата за креативна работилница за лица со попреченост. Пред нас се отвора едно ново поглавје: да твориме, да го искористиме искуството на повозрасните генерации и полетноста на младите што допрва доаѓаат за да направиме многу повеќе. Во план ни е и организирање на детски фолклорен фестивал, но и фестивал за ветераните во фолклорните групи. Посакуваме да оствариме соработка со културни здруженија ширум Македонија и надвор од неа. Па така, вечерва, со отворањето на ова здружение, ние ќе понудиме на нашата публика еден поинаков, поблизок пристап кон традицијата. Ако не ја негуваме, ние ќе заборавиме кои сме. Таа не обединува, не прави горди на тоа од каде сме, кои сме и што оставаме на нашите потомци, истакна Илиевска.

На промоцијата присуствуваа голем број луѓе, а меѓу нив и претставници на други здруженија и од областа на културата.

– Вашето присуство вечерва и поддршка многу ни значи посебно што пред нас постои голем пат. Ќе се потрудиме да ги исполниме очекувањата и ќе бидеме достојни претставници на фолклорното богатство на ова подрачје, порача претседателката на КУД „Шара“ Нада Симовска.

Потпретседателка на КУД „ Шара е Снежана Ефкоска.

Просториите на КУД „Шара“ се на улицата „29 Ноември“, а таму ќе се одржуваат пробите и активностите.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Во пожар животот го загуби 78 годишник од Рогле, Општина Желино

29/11/2023
Вести

Полицајци ги едуцираат средношколците за меѓуетничка толеранција

29/11/2023
Вести

Приведен малолетник поради најдена дрога

29/11/2023
Вести

Полицајци фатиле 29 годишник при кражба во подрум во зграда

29/11/2023
Вести

За сквернавењето на црковното знаме на Попова Шапка лишен од слобода 33 годишник од Мала Речица

29/11/2023
Вести

Поставено ново знаме со грбот на МПЦ на јарболот пред црквата на Попова Шапка

29/11/2023
Следна објава

Пензионерите поднесоа предлог закон за повисоки пензии, денес во Тетово координација за идните активности

Tetovo, MK
среда, ноември 29, 2023
overcast clouds
5 ° c
93%
2.13mh
89%
10 c 3 c
чет
16 c 9 c
пет
17 c 9 c
саб
10 c 3 c
нед

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!