• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На Попова Шапка вчера се одржа петтото издание на трката во екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“ на која во женска конкуренција победничката Елена Ртоска постави нов рекорд на патеката.  Таа за три часа и 12 минути ја истрча патеката долга 20 километри од Попова Шапка до Титов врв и назад. Второто место го освои Сања Најдовски (3ч.49мин.), додека трето место Ивана Пекевска (4ч.17мин.) Во машка конкуренција прв беше Дејан Ангелоски (2ч 29м), второ место Сашо Богојевски (2ч 56м) и третопласиран Никола Илиевски (2ч 58м).

-И покрај неповолните метео услови на стартот се појавија 37 натпреварувачи, а 32-ца успешно ја завршија трката. Победници по четврти пат во низа се Елена Ртоска овој пат со нов женски рекорд на патеката од 3 часа 12 минути и Дејан Ангелоски со резултат 2 часа 29 минути. Со старт од Попова Шапка натпреварувачите совладуваат 20 километри и околу 2000 висински метри движејќи се по гребенот (зимската патека) до Титов Врв 2747 мнв и назад, информира Александар Кирковски од ПК „Македон“.

Во соработка со Федерацијата на планинарски спортови натпреварот беше и државно првенство на Македонија во скајранинг за оваа година.

Учесниците на ваква трка треба да имаат големо планинарско искуство, специјална опрема со себе како што е јакна против ветер, фолија за заштита од студ, соодветна количина на течности, храна и друго.

Целосна листа со резултати

ас

 

Поврзани објави

Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Вести

Тешко повредена 24 годишна тетовка во судир на мопед и автомобил

22/09/2023
Вести

Изгаснат пожарот на борова шума во Тетовско, пожарникарите ќе дежураат на местото

22/09/2023
Вести

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

22/09/2023
Вести

Приведени малолетник и 18 годишник за насилство, а 30 годишна жена за разбојништво

22/09/2023
Вести

Тетовската библиотека доби ветување од Министерството за култура за реновирање на предложените простории и дополнително место за книгите

22/09/2023
Следна објава

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!