Турнир во мал фудбал „Тeтово 2023“ е нов спортски натпревар што почна да се одржува од 15 јуни во спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ. Пријавени се 20 екипи кои се поделени во четири групи. Екипите се состaвени од по четири играчи и голман.
-Ги повикуваме сите љубители на спортот и фудбалот да дојдат и да уживаат на овој спортски настан во Тетово. За прв пат во градот во една од спортските сали се организира турнир во мал фудбал кој во иднина ќе биде традиционален турнир. Преку овој фудбалски спектакл им нудиме повеќе забава на младите. Учесници на овој спортски настан се многу квалитетни екипи и играчи. Во моментов се играат натпревари од првата фаза во групи за место, додека потоа следува елиминациска фаза и пласман во финалните дуели, изјави организаторот на турнирот Буран Муслиу за Тетово инфо.
Екипата која ќе победи на турнирот ќе добие награда од 1500 евра, втората екипа 700 евра, а третопласираните 400 евра.