• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Сé повеќе деца стануваат насилници-промената може да се направи само дома, препорачуваат психолозите

Многу примери во Тетово укажуваат на состојбата дека сè помали деца стануваат насилници па имаат проблeми со законот, а институциите постапуваат со нив како со сторители на кривични дела.

20/03/2023
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Многу примери во Тетово укажуваат на состојбата дека сè помали деца стануваат насилници па имаат проблeми со законот, а институциите постапуваат со нив како со сторители на кривични дела. Стручните лица од психологијата алармираат дека насилството оди до крајни граници па така имаме во градот примери како во декември 2022 година кога средношколка на 17 години уби 16 годишник.  За 14 годишно дете е почната кривична постапка затоа што со нож повредил врсник.  Група на деца од основно училиште снимајќи видео за социјалните мрежи влегле во куќа па краделе.

Оливера Цветковска, која повеќе децении работи како психолог во Центарот за социјални работи во Тетово токму во делот на малолетничката деликвенција објаснува дека станува се полошо.  Потенцира дека децата одат до крајности. Ако до пред некоја година преовладувало вербално насилство и обиди за доминација сега веќе се повеќе работите се надминуваат со насилство.

-Порано децата сакаат да се омаловажат едни со други за да се покажат авторитет во групата. Меѓутоа станува се полошо. Меѓу младите многу има што одат со ножеви на училиште, метални боксови или „шокери“. Бројката на насилства се зголемува. Не би можела да кажам бројки, но процентот е зголемен на врсничкото насилство, за жал завршува со тешки телесни повреди. Со модрици, скршеници, повредена вилица и слично, објаснува Цветковска.

Децата како да немаат страв од последици, потенцира нашата соговорничка.

-Имавме неколку предмети слични каде што децата се обидоа да направат тешка кражба за да се снимат за Тик-ток. И да покажат како тие влегуваат во напуштена куќа, како тие немаат страв од ништо, како скокаат од втори на први спрат, меѓутоа беа откриени од униформираните полицајци и беа донесени кај нас како извршители на кривичн дело – обид за кражба, за што од Центарот беа советувани како да не прават такви работи, рече Цветковска.

Од тетовската полиција велат дека поради се поголемиот број на деца учесници во насилство Отсекот за превенција се обидува превентивно да делува. Такви се превентивно-едукативните проекти како „Децата, оравата и обврските“.  На посебни часови стручно обучени полициски службеници ги запознаваат основците со детските права но и обврски.

-Учениците се информираат што значи тоа детска деликвенција и за други девијантни појави, асоцијални постапки, но и за можните законски импликации доколку се инволвираат во истите. Целта е да се запознаат какви последици може да имаат доколку иницираат или учествуваат во незаконски постапки и дејствија, истакнува Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Психилогот Оливера Цветковска за подобрување на состојбите односно намалување на агресијата кај децата тоа треба да го направат родителите. Препораките се родителите да не заборават дека мора да најдат време за децата, односно за нивниот психолошки развој или едноставно да разговараат за секојдневнието, но и самите да внимааат како се однесуваат дома и затоа што и тоа влијае за агресивност кај нивното дете.

-Децата пред сè сакаат љубов, сакаат насмеани родители и задоволни родители. Наместо тоа цел ден дома гледаат намрштени родители кои се караат за пари, „не купувај тоа е скапо“, „ова е поважно“ – децата се сведоци на тие секојдневни расправии, и го собираат сето тоа во душичката.  Кај нив се создава една голема агресија која некаде мора да ја исфрлат. Потоа тоа го прават на училиште, на улица, и доаѓа до разни несакани последици од тие насилства, вели Оливера Цветковска.

Родителите барем по еден час до два да им посветат исклучиво на своите деца. Да разговараат со нив, за случките на училиште, со другарите, за места каде што излегуваат, за проблеми дали имаат имаат. Потребна е поголем посветеност од родителите кон децата.

-Тие проблемчиња за нив може ќе бидат смешни за родителите, но меѓутоа штом детето ги кажува не е така. На пример таа другарка, тој другар денес ми се налути не зборува. Родителот ќе каже „ајде детска игра“, денеска не зборуваат утре ќе зборуваат. Не. Туку треба да му објаснат на детето како да се однесува, ако погрешил да се извини, ако не погрешил друг начин како да се збилижи, да не се повтори пак, да не биде слично. Мора да им помагааат во решавање на проблемите. Од друга страна, родителите не треба да дозволат децата да бидат присутни при нивните кавги и расправии.  Да најдат време и начин самите да ги надминат проблемите. На децата им треба весела атмосфера, им требаат насмеани родители, потенцира тетовскиот психолог.

Психологот Цветковска со предупредување дека комбинацијата на родителска негрижа или непостапување заедно со негативните влијанија на социјалните мрежи најмногу придонесуваат децата се повеќе да бидат агресивни.  Комплексниот проблем со однесувањето треба да се надмине и со условно речено подобрување на влијанието на родителите.

-Сега се повеќе е изразено насилство во интернет просторот, најчесто на социјалните мрежи преку споделување на негативни и непријатни и лични содржини за некого со цел да се предизвика омаловажување. Зборувам за деца од шесто,седмо одделение до втора-трета година средно. Тие се идентификуваат со лоши личности, гледаат негативни насилни работи на тие социјални мрежи, играат насилни игри и тоа го спроведувааат меѓу своите врсници на училиште. Верувам дека 90 проценти од родителите не ни погледнале што гледа детото цел ден на телефон кога е дома, кои игри ги игра, дали се тоа игри со насилство, дали е тоа некоја социјална мрежа, вели Оливера Цветковска.

Според неа во училиштата наставниците ги повикуваат родителите на советување, а децата на советување, работаат индивидуално и групно со нив, но главниот проблем се надминува дома.

-Многу тешко е во овие тешки времиња, да ресоцијализирате родители, а прво треба да ги ресоцијализираме родителите, да им објасниме која е нивната улога во воспитниот процес на своите деца, за да тие можат да си ги воспитаат своите деца како што треба.  Агресијата која ја гледаат децата понатаму во животот ќе прави навистина големи проблеми. И децата жртви на насилство, доколку се повторува тоа насилство, можат да станат исто насилници. Можат да имаат нарушување на емотивен план, доколку трае подолго време малтретирањето од страна на другите ученици, други деца. Така да мора да бидат внимателни родителите и ако нивните деца се насилници, и ако се жртви на насилство, потенцира Цветковска.

Тетовската полиција во 2022 година евидентирала 70 кривични дела во кои посредно или непосредно вклучени биле 89 малолетници. Во најголем борј случаи предметите биле расчистени, а за тоа биле поднесени 62 кривични пријави за малолетници. Најммногу од кривичните дела биле кражби. Полицијата бележи малолетници кои биле вклучени во кривични дела поврзани со дрога, загрозување на безбедноста и слично.

Александар Самарџиев
насловна фотографија: pixabay.com

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Шокантно сведоштво на тетовчанката Елизабета: На плоштад трчав и викав за да се спасам од напад на бездомни кучиња

20/03/2023
Теми и интервјуа

Александар Стојановски-Цули за искуството во турскиот град Адијаман : Град разрушен од земјотрес, нема боја, ние сочувствуваме со нивната болка, тие со нашиот предизвик

02/03/2023
Теми и интервјуа

Александар поради цистична фиброза нема редовна настава, со планинарење се бори за подобар живот

04/02/2023
Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Теми и интервјуа

Надир Мурсели: Планинарењето почнува и треба да заврши дома, да се вратиш здрав и жив

31/12/2022
Следна објава

За шест часа полицијата изрече 119 мерки за пребрзо возење - тројца возеле 70 километри повеќе од дозволеното

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.