• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Актуелно

Се празнуваше Денот на ослободувањето на Тетово-доделени признанија на заслужни граѓани и колективи

19/11/2022
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На свеченоста по повод Денот на ослободувањето на Тетово која се одржа вчера, по подоло време организаторите од Сојузот на борците од Народно-Ослободителната Борба (НОБ) и граѓаните продолжувачи доделија признанија 19 Ноември кон тетовчани за нивниот придонес за градот. Признанија добија четворица граѓани за животно дело, а доделени беа уште шести исти такви одличја за особен придонес во одредена област.

-Едногласно составиме листа со добитници на ова признание. Разгледавме преку 30 имиња во неблагодарна улога да пофалиме, а никого да не заборавиме. Заклучокот е дека годинава ќе дадеме признание заслужено целосно на само дел од оние кои навистина се вградиле во нашиот град. Ова беше чест во секој еден од нас и верувам дека ќе прерасне во традиција затоа што сме заедницата кога ќе знаеме да ги почитуваме индивидуите кои што го прават колективот посилен, истакна на доделувањето на признанијата Даријан Сотировски, претседател на Одборот за доделување на признанието 19 ноември.

Признание 19 Ноември за животно дело постхумно добија Томислав Стојановски-Бомбај во областа на општествениот развој како и Стојан Ѓорчески- за животно дело во областа на стопанството. Признанијата ги примија членовите на семејствата. Градско признание за животно дело во областа на архитектурата доби Владимир Николовски додека во областа на уметноста Александар Настески.

За хуман гест на годината признание доби Мартин Малетиќ, додека за посебни за посебни заслуги во крводарителството признание доби Рази Саловски. За негувањето на трајни вредности беше доделено признание на организацијата Вешта жена од Тетово, а за особен придонес во музиката признание се додели признание на музичката група Конкверинг Лајон.

Градско признание 19 Ноември за посебен придонес во борбата против Ковид-19 доби д-р Бобан Вучевски.

За освоената титула државен фудбалски првак признание 19 Ноември доби и женскиот фудбалски клуб Љуботен.

За денот на ослободувањето на Тетово од фашистичкиот окупатор 19 ноември 1944 година пригодно обраќање имаше претседателот на општинската организација на Сојузот на борци од Тетово, Јоцко Димитриевски.

-Од средина на 1944 започнуваат главни операции на партизански  одреди за ослободување на поголемите градови.  Во ослободување на нашиот град активно учество зеде 15-тиот Корпус со 41-ва и 48 дивизија со вкупно осум бригади како и учество на граѓани и борци кои несебично се жртвуваа за слободата на нашиот град. Ослободувањето на Тетово значеше ослободување на цела Македонија. Градот беше ослободен благодарение на храброста и херојската борба на слободољубивот народ кој од желба за сопствена држава несебично се вклучи во антифашистичката борба за национална слобода. Во текот на борбите за Тетово ќе даде три партизански одреди и два народни херои Тодор Циповски Мерџан и Ѓоце Стојчевски Амбарче, истакна Димитриевски.

Свеченоста беше збогатена со музички-сценски изведби на играорци, музичари и актери со забавна и меморијална нота.

ас

 

 

 

 

 

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

„Зимски салон“ колективна изложба на 46 тетовски уметници

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.