• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 5 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Се промовираше Здружение за граѓански активизам „За заедничка иднина Тетово“

15/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово вчера беше промовирано Здружение за граѓански активизам „За заедничка иднина Тетово“  кое ќе го предводи Небојша Захариески.  Здружението во Тетово е четврто по ред кое се формира во неколку градови низ Македонија кои ќе соработуваат со слична идеја, а со долгорочна намера и за формирање на политички партија. „За заедничка иднина Тетово“ ќе соработува со Здружението За наше Куманово каде промотор е тамошниот градоначалник Максим Димитриевски, а вакви здруженија има и во Прилеп и Крушево.

-Ова е здружение од слободумни граѓани, самомислители, доволно свесни кои имаат желба самите да се организираат на локално ниво односно на регионално ниво, на ниво на Полошки плански регион.Во Куманово прво се формираше Здружението. Таму е промотор Максим Димитриевски актуелен градоначалник од Куманово и од таму потекна целата идејата. Исто така на регионално ниво оваа идеја потекнува од регионот од Босна, Црна Гора, Албанија, па и Србија и Косово и тука се јавуваат многу здруженија и движења кои имаат за идејата да дадат нов правец во движењето на политичките односи во своите земји за да регионот тргне напред да се развива. После распад на Југославија овој регион остана неинтегриран и каска наназад, изјави Небојша Захариески.

Тој вели дека здружението е отворено за сите заинтересирани граѓани кои се залагаат за нов политички концепт.

-Сите граѓани кои имаат такви идеја и сметаат дека можат да придонесат да се направи поинаков концепт, не како до сега на политичките актери и невладини кои што работеа, ад хок без идеи со доста импровизација и затоа се резултатите назад. Здружението е отворено за секој што има намера, не мора да бил политички определен може да биде неутрален, доволно е да има добра идеја, добра мисла, рече Захариески.

За долгорочната намера за формирање на политички субјект ќе се одлучува во текот на наредната година.

-Во 2023 година ќе одлучат активистите, граѓаните и членовите доколку има расположение можно е да се соединат во еден сојуз на национално ниво да се здружат како би квалитетно настапиле на наредните избори. Сега за сега ние претставуваме едно Движење во Македонија и така ќе биде сигирно до наредните избори. Понатаму според позитивните законски прописи ќе се одлучи како ќе се продолжи од формален аспект дали политички ќе се регистрира или така како движење ќе продолжи да делува, посочи Захариески.

На вчерашната промоција покрај Захариески, во Тетово се обратија претседателите на здруженијата, Димитар Ќосе од Крушево, Емил Јаневски од Прилеп, Даниел Стојчевски од Куманово и кумановскиот градоначалник Максим Димитриески.

 

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Поради неисплатени плати почнаа штрајк работници на ЈКП Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.