• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Сè уште гори и чади запалената депонија кај тетовска Волковија

23/08/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Сè уште се гаси и чади запалениот складиран смет на депонијата во близина на тетовска Волковија. Чадот и миризбата се шират низ целата полошка котлина, до Тетово и Гостивар како и селата помеѓу двата града.

Командирот на Територијална противпожарна единица (ТППЕ) Тетово Авни Амети информира дека и во текот на денешниот ден ќе се продолжи со работа односно гаснење на пожарот и негово целосно ликвидирање.

– Има иста ситуација, ТППЕ интервенира на депонијата што се запали вчера. Во текот на вчерашниот ден имавме и некои други интервенции на иста локација, Општина Брвеница. Досега сме фрлиме вода донесена од 40 камиони кои имаат капацитет да носат десет тони вода и пак има оган, информира Авни Амети.

Според него ситуацијата е алармантна и треба да има помош од државните институции.

– На ТППЕ и треба помош од сите институции да излезат во пресрет поради ситуацијата. Треба да ги смириме граѓаните зошто често се јавуваат за загадување на воздухот. Имаат право. Чекаме да се вклучат сите институции да ја завршиме депонијата. Вчера контактиравме со експерт кој посочи дека овој смет мора да се стави во голема дупка и да се затрупа со земја. Таму на локацијата е почнато да се копа. Се надевам дека денес ќе се смири чадот, истакнува командирот.

Депонијата се запали во вторникот еден час по полноќ.

ас

Поврзани објави

Вести

Мицкоски: Пензионерите ја имаат целосно поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, власта да се вразуми и да ги исполни очекувањата на пензионерите

23/09/2023
Вести

Над 100 милиони денари инвестиции во Општина Брвеница, реализирани 80 проценти од ветената програма на половина од мандатот

23/09/2023
Теми и интервјуа

Фирмите најголеми неплаќачи на даноци во Општина Тетово

23/09/2023
Вести

И денес продолжува гаснењето на пожарот во боровата шума над Милетино

23/09/2023
Вести

Од 21 до 3 часот полицијата открила шест возачи под дејство на алкохол

23/09/2023
Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Следна објава

Пожар во зграда во Тетово, поради вдишан чад повеќе станари добиле лекарска помош

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!