• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Тетово сè уште нема исплатено надоместок на штета од каснување од бездомни кучиња по оформениот правилник и можноста за спогодба со граѓаните.

Овој правилник е во сила уште од октомври кога беше изгласан од страна на Советот и објавен со службеното гласило на општината, но граѓаните дознаа дури во средината на јануари кога беше поставен и на интернет страницата на локалната самоуправа.

Во меѓувреме низ градот насекаде можат да се забележат кучињата скитници, а секојдневни се пријавите во СВР Тетово од страна на граѓаните дека биле повредени поради овие животни без дом и сопственик.   Во билтените на СВР Тетово минатата недела буквално секој ден беа евидентирани пријавени напади и повреди поради каснувања од кучиња скитници.

По објавениот правилник, од Општина Тетово побаравме да објаснат како оди можноста за спогодба со повредените граѓани. Колку од нив се се пријавиле, колку поени добиле според правилникот и колку изнесува одобрениот надоместок за штета согласно правилникот.

Бројот на добиени барања од граѓани согласно Правилник за утврдување на висина и исплата на надоместок за штета од каснување од бездомни кучиња изнесува 38. Повеќето од нив се од 2022 година. Барањата сеуште се разгледуваат и постапката е во тек, се вели во одговорот добиен од Канцеларија за комуникации и односи со јавноста при Општина Тетово.

Секој граѓанин кој ќе биде повреден од бездомно куче ќе добие предлог за спогодба и можност за надоместок од 30 до 100 илјади денари во зависност од тоа колку ќе определи соодветна пет члена комисија за постапување по барање за надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња на подрачје на општината.

Има критериуми за утврдување на намедостокот по кои ќе се раководи Комисијата, при што што материјалната и нематеријлната штета за повредени се проценува врз основа на видот на каснување  (5, 10 или 15 поени), бројот на каснување, степен на претерпен страв, возраст и последици кои настанале од каснување, (а-награденост и б-нарушување на психичката состојба од претерпениот страв). Врз основа на критериумите и поените надоместокот може да биде од минимални 30 илјади денари до максимални 100 илјади денари.  До барателот се доставува сподгодба со која се предлага висината на надоместокот на штетата, која може да ја прифати или одбие.

Повредените лица треба да достават медицинска документација од здравствена установа за третирање на повредата настаната од каснување од бездомно куче, потврда од МВР, записник од Општински инспекторат, фотографија и изјава од сведоци ако има, копија од фискална сметка за трошоците направени во врска со настанот и копија од трансакциска сметка на барателот.

 ас

Поврзани објави

Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Следна објава

Глоби од 30 до 50 евра за пешаци за преминување на улиците надвор од обележан премин

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.