• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Се утврдуваат подрачја кои ќе бидат дел од еколошката мрежа на Европската Унија наречена Натура 2000

21/09/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претставници на повеќе министерства, јавни претријатија за шуми, за пасишта,национални паркови, државни инспекторати, сектори за туризам, лов, риболов и слични засегнати страни денеска во Тетово со учество на конференција започнаа проект со цел идентификација на нови зони кои ќе станат дел еколошката мрежа на Европската Унија наречена Натура 2000.

Проектот е наречен „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“ или две главни компоненти со кои ќе се определат подрачјата и ќе се изготви соодветно законодавство. Досега се евидентирани 12 подрачја.

-Денеска сме тука да промовираме проект заедно со Европската делегација зајакнување на имплементација на Натура 2000. Ова е проект каде ние ќе ги идентификуваме тие зони во нашата држава за Натура 2000 и да ги заштитиме тие зони со европските директиви, што е потребно ние ќе го направиме тоа. Уште еднаш благодарам за финансиската и друг вид поддршката од ЕУ, изјави министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Шефот на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир присуствуваше на настанот и рече дека поддршката е уште еден пример на заложбите на ЕУ за заштита на животната средина и на самата природа.

-Поддршката која што ЕУ ја дава конкретно во овој случај ќе помогне во идентификување и на други локации во иднина коишто ќе бидат дел од мрежата Натура 2000. Тоа е всушност е најголемата светска мрежа каде што дел се исто така и земји членки на ЕУ. Причината поради која денеска сме тука на Шар Планина е затоа што гледаме потенцијал за зачувување на природата за да биде дел од мрежата на Натура 2000.  Исто така оваа денешна поддршка не се работи само за потенцијал за заштита на природа, меѓутоа исто така и подготвување на самата земја за идното членство како земја членка на ЕУ, изјави амбасадорот Гир.

На настанот зборуваше и директорот на националниот парк Шар Планина Ибрахим Дехари.

-Новиот национален парк полека, но сигурно ги поставува темелите на успешно функционирање, а можноста да биде идентификуван како  идно НАТУРА 2000 подрачје и воспоставување на правната регулатива за спречување на меѓународната трговија со загрозени диви видови на флора и фауна, во големa мера ќе го олеснат вградувањето на европските стандарди во развивањето на националаниот парк, порача Дехари.

Главниот дел во компонентата за Натура 2000 е работа на терен во целата држава за проценка на повеќе од 20 потенцијални подрачја. Целта на компонентата за CITES е да се постигне целосна усогласеност на националното законодавство со Регулативата и конвенцијата CITES на ЕУ за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Одбележани 78 години од загинувањето на 19 тетовски партизани во мавровското село Беличица

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.