Со настап на седум хорови од Тетово, Скопје, Гевгелија, Скадар(Албанија), Ниш(Србија) и Нов Зеланд вечерва во 19.30 часот почнува најновото издание на меѓународниот хорски фестивал ТЕХО. Хоровите настапуваат во тетовскиот Центар за култура „Иљо Антески-Смок”. Влезот е слободен.
Пред отворањето и првиот ден од фестивалот во фоајето на Центарот ќе има изложба на плакати, фотографии и материјали од сите досегашни фестивалски изданија. Дел од изложбата ќе бидат и ретки фотографии кои сведочат за уште постарите моменти од долговечниот хорски живот во Тетово.
Утре, недела 25 јуни фестивалот ќе продолжи со хорски настапи на православна хорска музика во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј во недела од 12 часот, а вечерта повторно од 19.30 часот во Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“. Влезот за сите настани е слободен.
Годинава ТЕХО бележи 50 години од првиот фестивал кој се одржал од 22 до 24 јуни 1973 година. На ова јубилејно издание ќе настапат 17 хорови и околу 600 хористи, а настанот е под покровителство на претседателот Стево Пендаровски.
ас