Соопштение на СВР Тетово 19 август 2024
На 18.08.2024 во 16.06 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат с.Сиричино – с.Желино, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ка“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Г.(82) од с.Сиричино и патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.А.(30) од с.Теарце, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Г., а со телесни повреди се здобил возачот В.А. и уште пет негови сопатнички од с.Теарце, од кои две малолетни, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од увидна екипа од СВР Тетово.
…
На 18.08.2024 во 23.40 часот во с.Групчин, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле Е.Е.(20) од с.Групчин затоа што претходно во угостителски објект во селото го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз Н.Е.(27) од истото село. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава