Соопштение на СВР Тетово 15 август 2024
На 14.08.2024 во 12.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат од тетовски Бродец кон с.Вешала се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, управувано од С.З.(52) од с.Бозовце и патничко возило „волво“ со италијански национални ознаки, управувано од Х.В.(46) од тетовска Мала Речица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.М.(42), сопатничка во возилото „голф“, додека двајцата возачи и сопатниците од возилото „волво“, Х.М., А.М., Х.Б. и К.Д. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница во Тетово. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Тетово.
На 14.08.2024 во СВР Тетово било пријавено дека околу 20.40 часот на булевар „Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило „даеву ланос“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.З.(36) од Тетово, удрило во пешакот Ѓ.Т.(80) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница во Тетово. Увид на место на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.
На 14.08.2024 во 08.40 часот во тетовско Желино, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода С.А.(24) од Желино. На 09.08.2024 на локален пат во Желино, тој излегол од возилото „фолксваген поло“ во кое се превезувал, фрлил пет пакувања со марихуана и го напуштил местото. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветна пријава.
На 14.08.2024 во 13.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово ја привеле Р.С.(42) од Струга, со живеалиште во Тетово, затоа што го нарушила јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување. Таа е задржана во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 14.08.2024 во 22.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „29 Ноември“ во Тетово, О.Б. физички го нападнал Е.Б., двајцата од Тетово. На О.Б. му бил изготвен соодветен поднесок по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
На 14.08.2024 во 12:30 часот во СВР Тетово, 35-годишен гостиварец пријавил дека тој и неговата сопруга биле измамени од туристичка агенција од Тетово. Според пријавеното, тој резервирал патување за годишен одмор во Албанија и уплатил 530 евра. Според пријавеното, на 10.08.2024 тие отишле во хотелот каде им било кажано дека нивната уплата изнесува 400 евра, по што веднаш го побарал вработениот во агенцијата, кој рекол дека ќе му бидат вратени парите кога ќе се врати од одморот, но денеска кога бил во агенцијата, истото лице му кажало дека не враќаат пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.