• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Седум возачи казнети за недозволено поставени фолии, звучни и светлосни знаци на возилата

20/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера од 15 до 18 часот спроведоа акциска контрола на возила-дали имаат вградено и користат фолии, светлосни и звучни знаци. Седум возачи ќе треба да платат глоби од по 250 евра.

-При контролата, откриени се седум прекршоци кои се однесувале на непрописно поставени фолии на предните стакла на возилата. На сите возачи-прекршители изготвени им се поднесоци и тие ќе се соочат со парична глоба од 250 евра во денарска противвредност, а веднаш ќе треба и да ги отстранат фолиите, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Покрај оваа контрола, вчера во Тетово реализирани се и повеќе активности за поголем ред и безбедност со паркирањето.  Санкционирани и од „пајак-службата“ подигнати биле 23 непрописно и погрешно паркирани возила.

-Ваквите активности наредниве две недели значително ќе се интензивираат и ќе бидат главен приоритет на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај. До сопствениците на моторни возила се апелира уште еднаш да не ги оставаат каде ќе стигнат и да ги паркираат само на наменски определените места.Посебно им се советува да не ги паркираат во таканаречени „двојни редови“ и да го попречуваат нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, порача портпаролот Јосифоски.

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

УЈИЕ: Во 2022 година двојно зголемување на студенти кои студираат на македонски јазик, во сите студиски програми

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!