• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Шампионски старт на ЖФК Љуботен во пролетниот дел од сезоната, денес куп-натпревар

01/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во саботата започна пролетниот дел од сезоната во Првата женска фудбалска лига на Македонија, а актуелниот првак тетовски ЖФК Љуботен ја совлада една од конкурентските екипи за врвот на табелата, ЖФК Тиверија од Струмица со 3-1. Головите ги постигнаа Гоја, Присцила и Марковска.

-Па исклучително важна победа на стартот на пролетниот дел особено ако се знае дека е остварена кај еден од најдобрите екипи во лигата која особено на домашен терен неколку сезони по ред не знае за пораз дотолку повеќе добива на тежина со оглед дека Љуботен го преброди едно од најтешките гостувања оваа пролет и ја зачува предноста од плус 3 во однос на Каменица Саса.Она што радува е дека екипата е во одлична форма а и борбеноста беше на ниво.Во периодот кој следи очекуваме дека победничката серија ќе продолжи и дека ќе донесеме односно ќе ја одбраниме шампионската титула, изјави шефот на стручниот штаб Ивица Радоњиќ.

Денеска, среда 1 март во рамки на четврфиналето на Куп на Македонија ЖФК Љуботен ја пречекува екипата на ЖФК Топ Гол. Натпреварот започнува во 12 часот,а ќе се игра на фудбалското игралиште на Спортскиот центар во Тетово.

ас

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Утре повторно мирен граѓански протест „Правда за д-р Бобан Вучевски“ пред Основен суд во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.