• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 29 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Шар Планина прошарана со депонии

10/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Една од најубавите месности на Шар Планина, Лешница, се повеќе наликува на депонија наместо на предел со кој ќе може да се пофали новоформираниот национален парк.  Се почести се сликите од таму со оставен смет.  Од планинарските клубови велат дека тоа е резултат што државата не ги послуша нивните аларми дека планината се уништува со правење на диви патишта за сеча на шума.

-Се отворија голем број пристапни патишта што сега се користат од приватни возила од џипови, од полесни коли и така да за среќа или за жал се повеќе луѓе одат на планина. Меѓутоа интензитетот на посетеност не ја следи културата на планинарењето – вели Александар Стојановски од ПК Јелак.

Сега секој и во секое време оди таму но и остава ѓубре.

-И така сега веќе длабоко во планината на места каде што сега требаше 4-5 часа да се пристигне пешки, и тоа беа спремни да го прават само оние што се спортисти, планинарите, аматери, љубители на планината, сега тие места се лесно достапни за излетници. Со тоа тенденцијата за загадување на планината е загадување на планината е зголемена“ – вели Стојановски.

И во најразвиените земји нема служба која собира смет по планини. Тоа треба самите да го прават тие кои ја посетуваат планината.

-Сите оние ѓубришта кои се носат нагоре, сепак мора да ги вратиме дома онаму од каде сме го донеле, а не да ги оставаме во планините.  Она што најмалку може да направи националниот парк во овој момент е да постави ренџери на овие места, некоја си контрола, која што ќе казни дел од планинарите кои ќе го остават тоа ѓубре, за да понатаму нели имаме некое казниво дело кое понатаму ќе биде пример другите да не го прават ова“ – вели Снежана Новаковска од ПК Тетекс

Статистиката вели дека една третина од отпадот што се прави во Македонија, завршува надвор од депонии. Голем дел од таа количина завршува по планини по реки и на места каде што не припаѓа.

Александар Самарџиев за ТВ Алфа 

Поврзани објави

Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Следна објава

Со ноќен радар откриени 41 возач кои возеле пребрзо

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.