Соопштение на СВР Тетово 26 август 2024
На 25.08.2024 околу 14.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – Гостивар, во с.Калник, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со тетовски регистaрски ознаки, управувано од А.И.(46) од с.Ново Село, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(62) од с.Пршовце, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „сеат“, М.И.(46) и малолетник, додека со телесни повреди се здобиле возачите А.И. и Ј.А. и сопатниците во возилото „сеат“ Д.С.(23) и Е.Г.(26), констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.
….
На 25.08.2024 во 23.50 часот во ОВР Гостивар, 34 – годишна жена од Гостивар пријавила дека била физички нападната од нејзниот сопруг З.Ј.(40) од Гостивар. На 26.08.2024 во 00.30 часот, З.Ј. сам се пријавил во ОВР Гостивар и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.