• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Шести ден без вода за пиење во Фалише и Сараќино, дефектот сè уште се бара

06/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Шести ден како жителите на тетовските села Фалише и Сараќино немаат вода за пиење, поради дефект чија локација сè уште се утврдува од вработените во тетовското комунално претријатие. Од средата навечер нема вода за пиење во овие села, а работниците изминатите денови не успеале да откријат каде е проблемот, па продолжува детектирањето на дефектот.

-Ни викендов ниту денеска немаме вода. Не ни праќаат цистерни, се снаоѓаме како знаеме и умееме, носиме вода од разни места. Ова е неиздржливо, се жалат на состојбата жителите на Фалише.

Љуљзим Шаќири, раководител на РЕ „Водовод“ при Јавното комуналнопретријатие „Тетово“ објаснува дека се работи на откривање на местото на дефектот, вклучително и за деновите од викендот.

-Добро е што се намалува просторот од 12 километри на само два километри. Проблемот е на  потегот од Брвеница/Долно Седларце во правец кон железничката пруга. Утврдивме дека оваа траса е направена 1977 година, но во 90-тите години имало промена поради изградба на автопатот Тетово-Гостивар и тие измени не се евидентирани. Затоа сега имаме проблем да се утврди каде е дефектот. На неколку места правеве проверки и затоа ја исклучуваме можноста дека дефект има над автопатот кон бунарот во реонот на Палчиште/Калник. Може да потрае, граѓаните да имаат разбирање, информираше денеска Љуљзим Шаќири.

Тој потсетува дека таа водоводна линија се протега преку обработливи површини и полиња, па голема е веројатноста како во неколку наврати досега дотокот на вода во цевките да е прекинат поради физичко затнување-зачепување поради тиња, камења или корења или воздушен џеб. Поради дотраеноста на овој водоснабдителен систем често пати има проблеми, дефекти и прекини во водоснабдувањето.

ас

 

 

Поврзани објави

Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 28 март

27/03/2023
Следна објава

Се одржа јубилејна десетта зимска школа за планинари на Попова Шапка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.