Македонското еколошко друштво (МЕД) информира дека имаат спроведено пребројување на штрковите на национално ниво.
„Овој цензус се спроведе во рамки на 8-от Европски цензус на штркови кој што се прави на секои 10 години, а во Македонија првпат се спроведе во 2014 година. При истражувањето во Македонија беа вклучени над 15 членови и волонтери на МЕД, а евидентирани се вкупно 1765 гнезда на штркови (1388 активни гнезда и 389 неактивни гнезда – односно гнезда во кои не се извеле млади, биле гнезда за спиење на штрковите, или имало само една возрасна птица). Вкупниот број на изведени штркчиња е 3.934, информираше денес Македонското еколошко друштво.