• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Шумски пожари во тетовските рурални општини Теарце и Боговиње

29/08/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во деновите од изминатиот продолжен викенд тетовските пожарникари интервенираа на повеќе шумски пожари во Теарце и Боговиње. Според командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово со пожар биле зафатени повеќе хектари.

-Секоја вечер се појавуваат пожари и имаме многу интервенции на отворено над Теарце и над Боговиње. Дај Боже да падне дожд па да бидеме посмирени, навистина ми е цела екипа уморна од секојдневните интервенции. Дваесетина пожари во текот изминативе пет дена се изгасени со брза интервенција за да се стават под контрола и да се избегне состојби како во Грција, изјави командирот Авни Амети.

Тој вели дека состојбите ова лето покажаа дека мора да се направат промени во оваа дејност со цел поефикасно работење на пожарникарите. За да имаат повеќе средства за работа,  се смета дека е добро Владата да го централизира финансирањето на пожарникарските единици.

-Воедно мора да се дисперзира пожарната, да бидеме поблиску до граѓаните на општинско ниво.  Владата да преземе централно раководење со пожарникарите на државно ниво. За секој поголем пожар ние мораме да бараме помош од Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување со кризи, вели Амети.

Поврзани објави

Вести

Ликовна мултикултурна работилница во ОУ „Гоце Делчев“-Тетово по повод Недела на детето

03/10/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово: Тешко повреден пешак на 79 години

03/10/2023
Вести

За девет месеци во 2023 изречени 5714 мерки за пребрзо возење на тетовското подрачје

03/10/2023
Вести

Дискусија „Политичко учество на лицата со попреченост“ – во 80 општински совети има само две лица со попречeност

03/10/2023
Вести

Песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ утре ќе се пеат во Тетово

03/10/2023
Вести

На патот Пирок-Тетово животот го загуби 18 годишно момче од Синичане

03/10/2023
Следна објава

Планинари на грб носеа стакла за да се обноват оштетените прозорци во кулата на Титов врв

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!