• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Славјанка Петровска: Напредокот на европско Тетово може да биде реалност само доколку советниците на СДСМ и коалицијата ја добијат довербата од граѓаните

11/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Славјанка Петровска, членка на Централниот одбор на на СДСМ заедно со кандидатите за советници на средби со граѓаните на Тетово ја побара поддршката за советничката листа. Таа посочи дека на патот до европско Тетово два аргументи даваат одговор на прашањето зошто во советот на градот треба да има повеќе советници од СДСМ и коалицијата.

-Прво, за да се запре сето она што не треба да се прави и второ да се поминат проектите за кои сите вие се согласувате дека му се потребни на градот, а градоначалникот не ги почнува или воопшто пак ги нема во својата програма. Такви се проектите за изградба на нов мултифункционален спортски комплекс и конечно парк во Тетово, затоа што тетовчани и тетовчанки тоа го заслужуваат. Јас можам да ве повикам на овој начин да ја дадете поддршката за моите колеги од СДСМ и коалицијата бидејќи доаѓаме од иста партија, иста коалиција, а од партијата од која доаѓаме, тоа што го ветуваме тоа и го остваруваме, изјави Славјанка Петровска.

Таа потсети на заложбите на СДСМ, од чии редови како министер го предводи секторот Одбрана.

-Вие сите знаете колку добија војниците од Тетово, вашите сограѓани, кои застанаа во армискиот строј и ја чуваа нашата држава. Знаете дека законот за служба во Армијата стоеше заглавен во Собранието повеќе од една година блокиран од опозицијата со решенија на кои припадниците на Армијата меѓу кои и Вашите сограѓани чекаа со нетрепение.  Но со посветеност и истрајност предложивме нов уште подобар текст на закон кој се усвои во Собранието. Се што ветивме сега се реализира. Војниците и офицерите на кои изминатите 4 години месечните приходи им пораснаа за  повеќе од 50 проценти сега со овој нов закон добија уште едно покачување. Правото на користење на средства од над 9 илјади денари за станарина од сега го има веќе секој војник што ќе стапи во редовите на Армијата. Условите за пензионирање се уште поповолни, за исплата на отпремнина износот е уште поповолен од претходно. Сега војник кој служел на државата може да земе отпремнина од околу 20 илјади евра. Следната година започнуваме со реконструкција на објектите во тетовската касарна. Подготвуваме и нов проект Центар за обука во зимски услови на Попова Шапка, изјави Петровска.

Напредокот на европско Тетово може да биде реалност само доколку советниците на СДСМ и коалицијата ја добијат Вашата доверба и можноста да бидат вашиот глас во Советот, порача Петровска до жителите на општината.

 ас

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Дарко Богатиновски : Нов урбан и модерен спортски центар за Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.