• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Со средства од Швајцарија и УНДП се изведуваат градежни работи за превенција од поплави во шарпланинските села

26/10/2022
во Некатегоризирано
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман, постојаниот претставник на програмата за развој при Обединетите Нации (УНДП) Армен Григорјан и градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами направија теренска посета на градежните работи за регулирање на поројот во село Шипковца.

Овој градежен потфат се прави со превентивна намера со цел да се спречат поплави како што во ова село имаше во 2015 година кога загинаа шест луѓе меѓу кои и деца.

– Оваа е исклучително важен проект, пред се во интерес и заштита на населението и обезбедување на одржлив и инклузивен раст со подобрување на отпорноста на заедниците од Полошкиот регион на катастрофи од поплави. Со преземните мерки, произлезени од сеопфатни студии и планови за проценка на ризикот од поплави делуваме превентивно за намалување на опасноста од порои, поплави, свлечишта на кои овој терен е подложен, ја зголемуваме отпорноста и подготвеноста на локалните заедници за справување со елементарните непогоди и природни катастрофи, како онаа од 2015 година која однесе и човечки жртви. Проектот е со висока сензибилност што произлегува од потребата да се постават технички решенија на локации каде веќе има изградени населби за живеење, изјави министерот Нуредини.

Регулацијата на поројот е во должина од 3,6 км, со акцент на делот од кој минува низ селото во должина од 350 метри и се спроведува од април до ноември годинава. Проектот е финансиран од Швајцарската Влада и од буџетски средства, а е имплементиран УНДП.

-Швајцарската Влада преку Програмата за подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион, поддржува сеопфатен сет на дополнителни мерки за ублажување и мерки за градење на отпорност- изјави амбасадорката Улман нагласувајќи дека оваа Програма има за цел да ги замени стандардните ад-хок одговори на настаните од поплави и традиционалните пристапи за контрола на поплави со интегрирано управување со поплави базирани на ризици, изјави амбасадорката Вероник Улман.

Постојниот претставник на УНДП Армен Григорјан порача дека треба да управуваме со ризиците, а не само со катастрофите. Посочи дека локалните власти треба да планираат стратешки и да бидат подготвени брзо  да одговорат на кризи за да ги заштитат луѓето и добрата.

-УНДП е тука да помогне во воспоставувањето систем на ефективна координација помеѓу националните и локалните власти што е од критично значење во овој процес.Само интегрираниот пристап на сите девет општини во полошкиот регион на крајот ќе биде подобрување на севкупната отпорност на заедницата на поплави – посочи Григорјан.

Градоначалникот Касами рече дека со оглед на заложбите за оздавање на најдобри услови за живот за сите граѓани кои живеат и работат во општината оваа поддршката за жителите значи живот со оглед дека подрачјето е подлежно на чести поплави и порои.

-Среќен што сум меѓу првите потписи сум ги ставил е дозволата за започнување со овие работи. Ние пет проекти реализираме во делокургот на овој проект со базични студии и со основни прокети се надеваме дека со нив ќе ја користиме оваа убавина на Шара и нема да биде убиствена како што беше во 2015, изјави Касами.

Проектот за подобрување на отпорноста на поплави во полошкиот регион предвидува и активности на други места во тетовскиот регион.

ас

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

„Тетово сака парк“ со предлог да се садат 1000 нови градски дрвја секоја година за почист воздух

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!