• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Со свечен прием на студентите започна новата академска година на Универзитетот во Тетово

03/10/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На Универзитетот во Тетово денес започна академската година на сите 13 факултети, а наставниот процес ќе се одвива со физичко присуство. На платото пред Универзитетот беше организиран свечен прием, а добредојде и успех на студентите им посака ректорот проф. Д-р Вулнет Амети.

– Денешниот почеток на академската 2022/2023 година уште повеќе го разубавува образовниот мозаик и ја збогатува историјата на Тетовскиот универзитет. Ви посакувам добредојде на овој ден посебен за сите нас, со надеж дека доброто ќе не води и заедно ќе бидеме гласот на знаењето, науката, образованието и општествениот напредок. Овој напредок го имаат за цел цели генерации пред нас, кои имаа највозвишена цел, да го видат овој храм на знаење на врвот, посочи во пригодното обраќање ректорот Амети.

Ректорот посочи дека како и во изминатите години Универзитетот согласно заложбите за формирање на нови кадри во образованието и раководење со општеството ќе понуди помош за студирањето.

-Во служба на оваа цел, ги поддржувавме и ќе ги поддржуваме нашите студенти и во иднина, особено одличните кои постигнуваат високи успеси во текот на академската година, а со тоа имаат корист од универзитетската стипендија, односно се ослободуваат од студентско учество. Илјадници студенти од прв и втор циклус на студии имаат корист од доделувањето стипендии низ годините и нивниот број се зголемува од генерација на генерација, благодарение на работата и посветеноста на студиите, рече Амети.

Ова е 28-тата генерација која го започнува своето високо образование на оваа установа. На крајот од свечениот прием на нови студенти, ректорот Амети и другите членови на ректорската управа поделија индекси за дел од новите студенти во првата година.

Потоа студентите се упатија кон училниците на нивните факултети, каде се сретнаа со деканите, управниот персонал и професорите на соодветните универзитетски единици.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

СВР Тетово: Вчера од 14 до 19 часот санкции за 71 возач за неправилно престигнување

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.