Соопштение на СВР Тетово 18 август 2024
На 17.08.2024 во 07.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово –Гостивар, во близина на клучка Камењане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Х.(24) од с.Радишани, скопско и товарно возило „фиат” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Х.(51) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Т.(22) од Радишани, сопатник во возилото „бмв“, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.
На 17.08.2024 во Полициското одделение Камењане, З.Н.(56) од тетовско Горно Седларце пријавил дека во тетовски Пирок бил физчки нападнат од Ш.И.(55) од с.Боговиње. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.08.2024 во 03.00 часот во СВР Тетово, Е.И.(39) од Тетово пријавил дека неговиот малолетен син и малолетен внук биле физички нападнати од неговиот сосед Ф.„Н”. Се преземаат мерки за расчиствање на случајот.