СВР Тетово информира дека триесет и шестгодишна жителк на градот вчера (19 октомври) во 21 часот и 15 минути во полицијата пријавила дека на улица „Андреја Ристовски“ во Тетово, таа и 40 годишниот сопруг физички биле нападнати од три лица, а поради недоразбирања околу паркирање на нивното возило. Се расчистува и документира случајот.
Дваесет и осумгодишна тетовка вчеравечер (19 октомври) во 22 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавила дека два часа пред тоа во домот физички ја нападнал нејзинот 26-годишен сопруг. Се расчистува и документира случајот.