• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На денешното рочиште од судењето за пожарот во тетовската модуларната болница во кој загинаа 14 луѓе, беа сослушани седум сведоци предложени од Обвинителството.

На прашања на обвинителите, на судијата и на адвокатите на обвинетите и оштетените одговораа двајца лекари, една медицинска сестра и четири лица кои во модуларната болница биле како придружба на пациенти.

Во сведочењето, двајцата лекари Мустафа Таири и Шпенза Арифи Зеќири и медицинската сестра Надире вработени од Клиничка болница објаснија дека вечерта имало потреба за реанимација на пациент, женско лице на 21 година, по што во истата болничка соба дошло до пожар кој се проширил. Тие објаснија какви обиди направиле да се изгасне огнот, од каде и како побарале помош и како се евакуирале пациенти.

На прашања на обвинителите и адвокатите какви наредби добивале лекарите од обвинетиот доктор Бобан Вучевски, тие објаснија дека како тој како специјалист им давал насоки околу протоколите како да постапуваат со пациентите и каква терапија да им даваат, а други наредби од него не добиле. На прашањето од судијата дали во модуларната болница имало портир сведоците посочија дека немало. Тие посочија дека на влезната врата од модуларната болница имало писмена наредба дека е забранет влез за посетителите, но и дека се соочувале со агресивни лица кои и покрај тоа барале да бидат присутни во болничките соби.

Сведоците кои биле во модуларната болница како придружба на свои блиски имаа различни ставови околу тоа дали им било забрането од некого престојуваат во собите. Сведокот, Оливера Веселиновска, како мајка на дете со посебни потреби рече дека била присустна со документ и за тоа не и правеле проблем.  Сведокот Виолета Петрушевска чиј сопруг бил пациент рече дека строго им било забрането да влегуваат. Таа посочи дека правела напор понекогаш да влезе во болничката соба зи да му помогне на сопругот кој бил со тешка клиничка слика за да го пресоблече и слично, по што ја напуштала болничката соба.

 Сведокот Имран Шаќири, чиј сопруг бил хоспитализиран рече дека постојано била таму во текот на 28 дена хоспитализација и дека имало и по повеќе луѓе внатре кои биле придружба на другите болни луѓе. Сведокот Мумин Исмаили, рече заедно со брат му се менувале постојано да бидат покрај нивната болна мајка и истакна дека никој од медицинскиот персонал не му забранил да престојува во болничката соба и дека немало портир пред болницата.

Судењето ќе продолжи на 16 февруари со сослушување на уште сведоци, а судијата Јордан Велковски најави дека ќе бидат поканети и вештите лица кои ги имаат изготвено вештиот наод.  Потоа ќе следуваат сослушувања на сведоци и писмени докази на одбрана.

Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени почна на 7 декември 2022 откако од септември 2022 до тогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван

ас

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.