• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Советниците побараа нови линии за јавен автобуски превоз

30/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На денешната шеста седница на Советот на Општина Тетово додека се расправаше за точките од дневниот ред кои се однесуваат за програми за работа и финансиски изештаи на јавното претријатие „Тетово Транспорт“ советниците побараа нови линии за јавен превоз на патници. Засега ова претријатие нуди три линии со четири автобуси.

-Ние како советничка група од СДСМ Тетово дадовме предлог до Советот на Општина Тетово да се отворат нови линии за превоз на граѓаните до село Фалише и до село Сараќино, изјави Наташа Петровска од СДСМ.

-При давањето извештај за работа на ЈП Тетово транспорт побарав три нови линии Тетово -Вејце, Тетово-Бозовце и Тетово-Фалише и обратно. Укажавме да се предвидат средства за мини-буси за овие населени места за граѓаните да можат да го користат јавниот превоз, изјави Фатон Сељами од Алтернатива.

-Сакам да реагирам на изјавата на советничката на СДСМ дека предлог за нови линии е нивни. Ние тоа го дадовме како наш предлог уште на состанок на Комисија за комунални дејности и тој предлог ќе биде влезен во Програмата за работа за 2023 година на „Тетово транспорт“. Нема да се воведе на секој саат да оди автобус таму но ќе има во одреден период од денот линии. Не може паушално вака да се даваат изјави, изјави Ангел Карапетров од ВМРО ДПМНЕ.

Претседателот на Советот Бесар Дурмиши образложи дека нови линии ќе може да има само доколку позитивен одговор даде физибилити студијата по ова прашање.

-Имаше барања и од мнозинство и од опозиција да се стават уште линии за јавен превоз бидејќи има само три линии. Јас како претседател на Советот предложив до Тетово транспрот предлозите што ги дадоа советниците им посочив да ги земат во предвид и за овој месец да направат физибилити студија и да дојдат наредниот месец или после новата година, во најкраток можен рок, да кажат дали тие барања може да се исполнат или не може. Причината да ја кажат дали е финансиска, дали е материјална, дали е поради немање возила ткн, изјави Дурмиши.

Советот донесе одлука со која се хармонизира законот за комунални дејности со ингеренциите на општинскиот инспекторат со која ќе може да се спроведува комунален ред и преземање соодветни мерки.

ас

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

Во петок ќе се одржи промоција на монографијата 30 години Здружение на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!