• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Советот на Општина Тетово ја изгласа завршната сметка на буџетот на општината за 2022 година

15/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Советот на Општина Тетово на денешната 12-та седница ја изгласа завршната сметка на буџетот на општината за 2022 година. Со оваа одлука се избегна ситуацијата од минатата година кога немаше усвојување на завршна сметка до 31 март што беше една од причините Советот да биде распуштен и да има вонредни избори за советници подоцна во август 2022.

Во завршната сметка е наведено дека салдото на сите сметки на Буџетот на Општина  Тетово на 31.12.2022 година изнесува 43.836.278  денари што претставува збир суфицитот од тековната 2022 година 2.414.561 денари и од пренесениот вишок на приходи од претходната 2021 година 46.250.839  денари.  Дефицитетот е  30.716.861 денари.

-Минатата година имаше проблеми со мнозинството, не ја гласаа завршната сметка. Оваа година и и опозицијата гласаше за, изјави Бесар Дурмиши, претседател на Советот.

-Минатата година не помина завршната сметка затоа што немаше мнозинство не се донесе завршната сметка и согласно законот се распишааа новите избори.Денеска завршната сметка помина со 29 гласа никој не беше против, ни воздржани гласачи, изјави Ангел Карапетров, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

За состојбата на завршната сметка односно големиот дефицит, поради долговите, од мнозинството во советот сметаат ека во текот на оваа година веќе се има намалување на долговите.

-Веќе објавивме дека милионските долгови на општината се намалени за еден милион евра, изјави Дурмиши.

-Јавните претријатија ги наследивме со долгови од 28 милиони евра. Претходно знаеме дека државата им ги покри половина од долговите на Општина Тетово, но недомаќински работеа СДСМ и ДУИ и направија нови долгови.  ЈКП имаше долг од 12 милиони евра. Зголемен е приходот во ЈКП, намален е бројот на вработени и порентабилно работи. Сега во моментов претријатието за паркинзи работи рентабилно, зголемена е наплатата во ЈКП, се подели на три претријатија и се надевам дека со домаќинско работење и тоа ЈП ќе работи рентабилно и ќе се собираат повеќе приходи и долговите ќе се намалуваат, изјави Карапетров.

Според завршната сметка вкупниот износ  на планираните приходи за 2022 година биле 1.687.975.119 денари, додека реализирани се 1.495.618. 341 денари. Кај расходите планирани се 1.733.312.527 денари додека реализирани се 1.526.335.202 денари.

ас

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Двајца тетовци оштетиле полициско возило, при приведувањето им е најдена марихуана

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.