• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Советот на Општина Тетово со дополнителна одлука за субвенционирање на транспортното претријатие

28/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На денешната десетта седница на Советот на Општина Тетово беше донесена одлука за субвенционирање на општинското јавно претријатие „Тетово Транспорт“.

Според одлуката ова ќе биде постојана практика со цел да се избегнат зголемување на долговите на претријатието, кое инаку на претходната деветта седница доби четири милиони денари од општинскиот буџет за истата намена.

-Тоа е план за субвенционирање на јавното претпријатие „Тетово транспорт“, ќе се прави еден  правилник со кој што ќе се субвенционира 150 денари за еден километар. Овој пример е земен по консултации со општините Тирана, Приштина, Скопје и Охрид. Мислиме дека за оваа година ќе нема потреба на секои три месеци да му даваме поддршка или да го субвенционираме претријатието затоа што ќе функционира нормално како што треба, изјави Бесар Дурмиши, претседател на Советот на Општина Тетово.

Од опозициските партии во Советот реагираа дека давањето постојано парична помош од општинскиот буџет укажува дека некои јавни претријатија се неодржливи и треба да има промени.

-Десета седница по ред има точка на дневен ред да биде помош на некое општинско претријатие, така и денес за помош на транспортно претријатие. Тоа е резултат на недомаќинското работење на оваа општинска власт и се надевам дека во скоро време ќе дојде момент кога ќе дојде моментот за затворање на ова претријатие или за преструктуирање, изјави советникот Глигорије Стојановски.

Советот го овласти градоначачникот да овозможи утврдување на заедничко меѓуопштинското административно тело за инспекциски надзор во животната средина во полошкиот плански регион.

-Центарот на полошкиот плански регион до советите на сите девет општини во регионот достави предлог одлука за усвојување на регионална административно тело за инспекциски надзор во делот на животната средина. Целта е сите општини да ги споделат своите капацитети од инспекторатот и за да се постигне поефикасно и поефективно управување со животната средина, односно да се врши поголем надзор. Сите сме сведоци дека голем број на индустриски капацитети во регионот продуцираат отпад, меѓутоа од регионалното јавно претпријатие за управување со отпад имаме информација дека многу слабо се депонира, така да преку оваа административно тело ние ќе ги зајакнеме општините и општинските капацитети значи во тој дел за да се постигне поголема контрола на депонирањето на отпад и да се намали загадувањето, изјави Славко Костовски од Центарот за полошки плански регион.

Според Костовски ова тело ќе може да казнува и ќе ги има истите ингеренции на општините.

-Практично, ќе се користат истите инспекциски служби од општините, а со овластување на градоначалниците, така да се ќе функционира како што треба. Мислам како што е воспоставена пракса во самите општини. Целта е да се зголемат капацитетите и да биде процедурата поефикасна, рече Костовски.

На седницата се усвои програма за 2023 година за уредување на градежно земјиште и комунални дејности.

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Стоименов од АПИС: Предложените измени на Законот за игри на среќа ќе предизвикаат огромна штета и само ќе направат простор за играње „на црно“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.