• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Советот усвои план за вработувања во Општина Тетово за 2023 година

28/09/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Тетово доби годишен план за вработувања со кој во 2023 година во општинската администрација ќе има можност работа да добијат уште луѓе.  Планот беше изгласан и одобрен од мнозинството на третата седница на Советот денеска, на што му претходеше политичка дебата.

Од советничката група на ДУИ ја критикуваа оваа одлука  прашувајќи го мнозинството предводено од Движење Беса зошто се зголемува бројот на нови вработени, за што сегашното раководството ја обвини претходната власт.

-Излегува дека Општина Тетово има потреба да вработува нови луѓе иако има 350 лица со решение. Ја оптоварувате општинската администрација со нови вработувања, а ние знаеме дека имате и нови вработувања со договор на дело, посочија од советничката група на ДУИ.

Претседателот на Советот Бесар Дурмиши образложи дека оваа одлука е техничка работа и законска обврска доколку општината сака да вработи нови административци. За одговор се јави и градоначалникот Биљал Касами кој рече дека општината има привремени вработувања пред се на експерти.

-Тоа се привремени вработувања со придонеси за луѓе кои се експерти пример во областа на урбанизамот. Ние нема да продолжиме со практиката да се вработуваат партиски милитанти, рече Касами од говорницата.

Претседателот на Советот Дурмиши во изјава за медиумите рече дека годишниот план се прави со цел да се проектираат можните вработувања во општината, а можно е тие и да не се остварат.

-Тоа е превидено законски да помине, го бара Министерството за информатичко општество и администрација. После ако треба да се вработат луѓе пак треба Општина да поднесе барање до Министерство, ова е како документ да помине и да се поднесе во Министерство. Нема нови вработувања, но ако има потреба општината ќе мора да вработи според таа програма каде има 23 предвидени работни места. За нив според балансерот 16 места се за Албанци, шест за Македонци и еден за Ром. Ако општината има потреба ќе поднесе пак барање до Министерстворо да даде согласност и после се отвора огласот, изјави Дурмиши.

Во годишниот план се опфатени и пензионирања, унапредувања и превземања на вработени.  На третата седница има 41 точка, а ќе се расправа два дена.

ас

 

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава

Вклучени и кучиња трагачи во потрагата по излетаниот возач и евентуални сопатници во реката Вардар кај Желино

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.